Вучиќ и Вулин ќе поднесат кривични пријави против самите себеси за случајот „Беливук“


За време на гостувањето во РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека тој и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, ќе поднесат пријава против самите себеси поради случајот „Беливук“ и дека се подготвени „дури и да одат за полиграф “.

Во случајот со Беливук, немаше вмешаност на ФБИ, туку само на српски служби, посочи Вучиќ и рече дека овие луѓе се херои.

„ФБИ не направи ништо за тој случај“, рече Вучиќ, додавајќи дека ФБИ, кога сѐ било готово, ја известил Србија за постоењето на апликацијата АОН што тие ја изработија. Вучиќ рече дека апликацијата е под контрола на американската ЦИА и дека криминалците сметаат дека е безбедна.

Вучиќ рече дека тој и Вулин одлучиле да поднесат кривична пријава против самите себеси со цел да докажат дека сето она што го кажале „мафијашко-тајкунските круговри“ за нивната наводна поврзаност со кланот на озлогласениот Вељко Беливук било лага.

„Отпрвин се срамев да одговорам на сите обвинувања на тие луѓе, кои тврдат дека никогаш не убиле никого“, рече Вучиќ и додаде дека ќе поднесе пријава против себе, дека ќе го најде својот човек кој ќе ги пријави.

„Подготвен сум да се понижам и да одам на полиграф“, рече Вучиќ. (Бета)