Хрватска: Нов умерен земјотрес со јачина од 3,7 степени во Банија
Нов земјотрес синоќа ја погоди областа Банија, јавија хрватските медиуми. Земјотресот беше регистриран ноќеска во 01:27 часот.
Сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на Петриња.
Јачината на земјотресот беше 3,7 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на V степен на скалата ЕМС, објави Сеизмолошката служба.