Бугарска политика: „Слави, кажи нешто, да видат луѓето дека си жив“


Слави Трифонов

„Слави, кажи нешто, нека видат дека си жив. Затоа што читам страшни глупости“. Со ова прашање Тошко Јорданов, вториот човек на партијата Има таков народ го започнува своето интервју со неговиот шеф Слави Трифонов за развојот на бугарската политичка сцена откако беше именуван првиот мандатар за состав на новата влада. Видеот беше поставено во неделата на Фејсбук профилот на шоуменот и лидерот на партијата, снимено е кај него дома. Интервјуто е под мотото „Одговори на тековните прашања од последните 2 недели“.

Победникот на изборите вели дека чувствувал огромно олеснување што не морал да се појавува секој ден на телевизија, поради тоа што тоа било многу напорно. Во политичкиот дел од интервјуто тој зборува само против лидерот на Демкратска Бугарија, Христо Иванов, која е една од протестните партии. За Трифонов е нејасно зшто тој само кртикува негови предлози, а самиот беше член во една од владите на Бојко Борисов. „Тие само сакаат функции, иако го тврдат спротивното“, вели за ДБ Трифонов.

Објаснувајќи ја политичката ситуација во државата Трифонов вели дека „очигледно сите се против секого“ во парламентот, а за Има такви луѓе нема симпатија од никого.

Критикуваниот Христо Иванов во неделата за Бугарското радио изјави дека неговата партија е подготвена да дае поддршка, но за силна реформска влада. „Не само програма што ќе се појави на хартија во одреден момент, туку ја споделува тим што може да ја спроведе и да има лидер на кого од првиот ден може да му се верува дека има силно трансформациско однесување“.

Засега не е јасно како ќе заврши постизборната рашомонијада во Бугарија.