Карпош пренамени пари, неискиристени поради Ковид-19 во училиштата, за ИТ библиотечен фонд


Во рамки на денешната 57. седница, советниците од Карпош ја поддржаа изменетата и дополнета Програма за активностите на општина Карпош  во областа на образованието за 2021 година. Станува збор за проектни активности кои требало да се реализираат, но поради ситуацијата со пандемијата (Ковид – 19), училиштата не биле во можност да го сторат тоа. Оттаму, […]

(Во живо): Прес-конференција на премиерот Заев за недела неработен ден и за Ребалансот на буџетот


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев со ресорните министри за одлуките од седницата на Влада. Станува збор за предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи –  Недела ден за неделен одмор, како и за Ребалансот на буџетот 2021 година.

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час во Гостивар​


Поради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, гостиварското Обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице. Како што стои во соопштението од Основното јавно обвинителство – Скопје, обвинетиот  не го почитувал важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движел  без да […]

ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства


 Здружението на новинарите (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод известувањето на дел од медиумите во врска обидите за самоубиство, преку соопштение ги повикуваат новинарите на максимално почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. Од ЗНМ и СЕММ потсетуваат на член 7 од Кодексот на новинарите, […]

Улици, булевари и водоводи се рекоструираат во Штип


 Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди  и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска  извршија  увид во рехабилитацијата на улицата „Партизанска“ од кружниот тек кај Дујле во правец кон населбата Сењак којшто се рехабилитира преку програмите на ЈП „Македонија пат“ бидејќи се работи за транзитна улица. Присуствуваа […]

Македонските фудбалери пристигнаа во Букурешт


 Македонските фудбалски репрезентативци пристигнаа во Букурешт каде што во периодот од 13 јуни до 17 јуни ќе ги одиграат првите два меча од Европското првенство 2020. – „Црвено-жолтите“ имаа срдечен пречек од домаќините кои, како и многупати претходно, и сега нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија, објави ФФМ. Воведниот натпревар го играме […]

Алијансата за Албанците на локалните избори оди со Алтернатива, но останува отворена за соработка


Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии. Како што наведуваат извори во партијата на брифинг со новинарите раководството на АА нема да им го ускрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани […]

Скопје домаќин на претквалификации за кошаркарскиот Мундијал 2023


Кошаркарската федерација на Северна Македонија од 11 до 18 август, ќе го организира турнирот кој ќе ги одреди учесниците во квалификациите за Светското првенство 2023, одлучи ФИБА-Европа. – Македонската кошаркарска федерација доби уште една потврда плус за својот организаторски потенцијал. Ја доби довербата од страна на Светската кошаркарска федерација да биде организатор на еден од […]

Спасено е лицето кое се обиде да скокне од зграда


Денеска околу 12 часот, со интервенција на преговарачки тим од Специјалната антитерористичка единица при МВР беше спасено лицето кое се обиде да скокне од покрив на зграда на ул.„Филип Втори Македонски“(во близина на трговскиот центар Мавровка). Лицето безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка. Како што […]

Паднаа страниците на Си-ен-ен, Би-би-си, Њујорк тајмс, британската влада…


  Неколку веб-страници на познати медиумиски куќи во светот денеска, се паднати, како што се Њујорк тајмс, Би-би-си, Си-ен-ен. Исто така, паднаа и Твич, Редит, а на некои не им работи Твитер. Што се однесува на медиумите, проблеми имаат и Гардијан, Фајненшл тајмс, Индепендент, Блумберг. Истовремено, падна и страницата на британската влада. Фастли, кој нуди […]

Подготвителен состанок во РКЕ за состојбата со мазутот


Во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На состанокот се договори ДПИ да достави дополнителни документи за да може Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот, информираат од регулаторното тело. -Во моментов на подготвителниот […]

Се бара најдоброто решение за решавање на свлечиштето и одроните на патот кон Македонска Каменица


Се работи на нова проектна документација за санација на свлечиштата, кои се во клисурата на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увидот во градежните работи на реконструкцијата на булеварот „Партизанска“ и изградба на нов водовод за штипската населба „Македонка“. -Работиме на темелно решавање на проблемите и верувам […]

Пленарните собраниски седници од денеска повторно во салата „Македонија“


Собранието ја почна 43. седница со задоцнување од најавениот термин. Пратениците денеска се вратија во салата „Македонија“ по неколкумесечна работа во Големата сала (купола). Пленарните седници ќе се одржуваат според протокол одобрен од Комисијата за заразни болести. Сега повторно ќе има можност за електронско гласање наместо гласовите да се бројат рачно. Протоколот прецизира насоки и […]

За брзо возење казнети 448 возачи во цела држава


Полиција во текот на вчерашниот ден на територија на целата држава санкционирала 448 возачи. -Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на […]

Германија и Унгарија во клинч за надворешната политика на ЕУ


Трпението на Берлин поради постојаните вета на Будимпешта е при крај, особено што тоа се случи и за последното коминике за Кина поврзано со Хонгконг   Германија и Унгарија се судрија околу политиката на ЕУ за Хонгконг, во спорот што направи надворешниот сервис на ЕУ да изгледа глупаво. „Не можеме да оставиме да бидеме заложници […]

Поведена постапка заради трговија со дрога​


Поради „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, Основното јавно обвинителство – Битола, донесе наредба за спроведување истрага против лице од Битола со моментално престојувалиште во Ресен за кривично дело, информираат од Основно јавно обвинителство – Скопје. Како што стои во соопштението од ОЈО, сомничената на 6 јуни 2021 […]

Мицотакис: Набргу ќе се отвори дискусија за олеснувања, а не привилегии на вакцинираните


Го преферирам терминот олеснувања, а не терминот привилегии за слободите што може да ги имаат нашите вакцинирани сограѓани. Сметам дека оваа дискусија ќе се отвори набргу и ќе се отвори од страна на Владата од моментот кога сите наши сограѓани ќе имаат пристап до вакцините, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со […]

Излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов


Во издание на „Бата прес“, на 21 мај излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов. Книгата, како што соопшти авторот, содржи десет прилози за македонските говори – за кичевскиот, скопскиот, радовишкиот, беровскиот, мегленскиот, ениџевардарскиот, кукушкиот, чифлиџичкиот, кулскиот и кривопаланечкиот. Авторот наведува дека анализираните дела се единствени од тој вид во македонската наука за […]

Во Скопје изречени вкупно 198 мерки, 52 за брзо возење, 12 санкции за користење мобилен телефон


Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила. -Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, пет […]

Во Бугарија уште разговараат како да донираат вакцини за Македонија


Извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов изјави денеска за БТВ дека властите во државата уште разговараат како да се донираат вакцини за Северна Македонија. „Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството. Владата преговара со разни земји. […]