Адетокумбо: Нема да очајуваме по поразот на вториот натпревар


Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, изјави дека тимот нема да очајува откако беше убедливо поразен од Бруклин нетс (86:125) ноќеска во вториот меч од полуфиналето на НБА плејофот. – Лесно ќе се опоравиме од поразот и по 0-2 во серијата. Ќе се погрижам за тоа. Јас сум смирен при успехот и реагирам на […]

На инфективните оддели има 126 пациенти со Ковид-19, изминатото деноноќие нема нови хоспитализирани


Вкупно 126 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 46 лица […]

Промовирана книгата „Видое Подгорец-незавршена приказна“ од Киро Донев


Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа се одржа промоција на книгата „Видое Подгорец-незавршена приказна“ од Киро Донев, романизирана биографија којашто Донев ја напишал за својот соработник и пријател, или како што тој честопати знае да каже „батко и духовен татко“. Книгата има многу биографски податоци, но и непознати анегдоти од личниот и […]

Без вода денеска улиците „Серава“ број 81 и „Џон Кенеди“ во Чаир


Без вода денеска ќе бидат корисниците на улиците „Серава“ бр. 81 и „Џон Кенеди“ во Општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти претпријатието, е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Серава“ 81 и ќе трае до завршување на санацијата. 

Селф тестовите во Грција во комбинација со вакцинацијата и тестирањата ја подобриле епидемиолошката слика


Намалување на бројот на нови случаи, на хоспитализирани пациенти, како и намалување на индексот на позитивност, било регистрирано во Грција со воведувањето на задолжителните селф тестови за домашна употреба, во комбинација со вакцинацијата и тестирањата од Националната организација за јавно здравје, соопшти заменик министерот под премиерот надлежен за координација на работата на грчката Влада, Акис […]

Македонската фудбалска репрезентација замина на ЕП, Заев се поздрави со капитенот


Со чартер-лет од Меѓународниот аеродром Скопје, македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт, каде за првпат ќе настапи на Европско првенство. На македонските репрезентативци прв им посака среќа претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини кој одржа мотивациски говор за успех на фудбалерите. Премиерот Зоран Заев на аеродромот во Скопје се поздрави со капитенот Горан Пандев и селекторот […]

Ангеловска-Бежоска: Главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни


 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека во периодот кој следи, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна ќе треба да се обезбеди поддршка за економиите во закрепнувањето на кризата, а од друга страна ќе треба да внимава да не се предизвикаат нерамнотежи.  – Од една страна, и натаму ќе […]

Објавен јавен повик за организаран одмор на работници со ниски приходи


Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени […]

Обид за самоубиство кај „Мавровка“, маж сака да скокне од зграда


Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Во моментот, како што јавија известувачите на МИА од терен, полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да […]

АПИС: Политички мотивирани предложените измени на Законот за игри на среќа пред локалните избори


Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа, кој Министерството за финансии и го предлага на Вадата има за цел затворање на индустријата на игри на среќа, оценуават во соопштение од Асоцијацијата на приредувачи игри на среќа – АПИС Дополнуваат дека измените содржат дискриминаторски, противуставни одредби кои предвидуваат, како што велат, ретроактивно […]

Меморандум за соработка помеѓу МОН и Американскиот мировен корпус


Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Американскиот мировен корпус во Република Северна Македонија потпишаа денеска министерката Мила Царовска и директорката на оваа организација од САД, Дебора Конер. Како што соопшти МОН, на потпишувањето беше посочено дека Мировниот корупус продолжува да ги поддржува заложбите на Владата и да придонесува во развојот на […]

Рации во Германија поради перење пари и организиран криминал


 Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес на околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западногерманската држава Северна Рајна-Вестфалија. Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, Леверкузен, Гелзенкирхен и други градови во регионот Рајна-Рур. Во кацијата приведени се неколку лица и конфискуван е имот. Истражителите […]

Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот ,,Двојник”


Обвинетите Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Мишиќ да се прогласат виновни за случајот „Двојник”, побара денеска обвинителката Спасенка Андонова, како застапник на обвинителниот предлог во случајот со фалсификување на патните исправи. Јавниот обвинител Андонова, во завршните зборови наведе дека отсуството на документи за идентификација не можело да помине незабележано од страна на обвинетиот Фарук […]

Европарламентарци ќе ја судат ЕК за толеранцијата кон Бугарија, Унгарија и Полска


Европската комисија е неактивна и не ги крати европските средства на неолибералните земји како Унгарија, Полска или Бугарија. Затоа Европскиот парламент сака да ја тужи, пишува германскиот  „Тагесцајтунг“. Овој медиум  веќе ја сместува Бугарија меѓу т.н. нелиберални земји во ЕУ, во кои до неодамна беа вклучени само Унгарија и Полска. Големото прашање е: дали ќе […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 9.142 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ […]

Македонската репрезентација тргна за Букурешт


Со чартер-лет од скопскиот аеродром, македонската фудбалска репрезентација претпладнево (10:30 часот) ќе оди за романската престолнина Букурешт. Сите тестови на коронавирус во македонската експедиција се негативни и во комплетен состав се патува за Романија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во градот каде […]

Лажни профили, лажни сметки, лажни директори напаѓаат на Интернет


Експертите сè уште откриваат како најдобро да се користи вештачката интелигенција, но и прекршителите на законот го прават истото. Злонамерната употреба на вештачка интелигенција расте. Официјални лица предупредуваат на нападите во кои криминалците користат  “deepfake” технологија, кампањи за „фишинг“ и софтвер кој погодува лозинки врз основа на анализа на големи податоци. „Имаме криминал како услуга”, […]

Снимки сведочат дека Џулијани ја убедува владата на Украина да го испита Бајден


Аудио-снимки, до кои ексклузивно дојде Си-Ен-Ен, покажуваат дека поранешниот правен советник на претседателот на САД, Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, безмилосно поттикнува во 2019 година и ја убедува владата на Украина да ги испита неоснованите обвинувања против тогаш -претседателскиот кандидат Џозеф Бајден. Аудио-снимка направена во јули 2019 година регистрира телефонски разговор […]

Канаѓанец со камион прегази муслиманско семејство, уби четворица


  Четири члена од муслиманско семејство беа убиени во неделата во однапред смислен напад, соопшти канадската полиција. Канаѓанец на возраст од 20 години, со камион намерно се залета во муслиманско семејство во градот Лондон, провинцијата Онтарио. Загинаа сите четворица, а единствено преживеано е дете на девет години, кое се наоѓа во болница, со сериозни повреди. […]

Пожар во хемиска фабрика во Индија, загинаа 18 луѓе


  Пожар што вчера изби во хемиска фабрика на периферијата на градот Пуна на западот на Индија загинаа најмалку 18 луше. Во зградата на фабиката, во моментот на пожарот, останале 37 работници. Пожарникарите морале да ги урнат ѕидовите за да можат да ги спасат работниците, пренесува Би-би-си. Засега не е утврдена причината за пожарот. Премиерот […]