САД формираат коалиција против земјите што се домаќини на хакери


САД како дел од својата стратегија за борба против кибер нападите, имаат намера да формираат меѓународна коалиција за да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери. Ова го објави  државниот секретар Ентони Блинкен, говорејќи за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Конгресот. „Владата на САД работи на стратегија за спротивставување […]

Нови одрони го отежнуваат сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица


Поради нови одрони од утрово со проблеми се одвива сообраќајот на дел од магистралата А3 на делницата од Делчево кон Македонска Каменица. Најизразена ваква појава, како што јавуваат возачи кои сообраќаат на оваа релација, повторно е делницата од село Очипала кон Баткова Чешма, но како што додаваат наноси од камења има и на останати места […]

Блинкен: САД разгледуваат опции за затворање на затворот Гвантанамо


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден разгледува опции за повторно воведување на позицијата пратеник во Стејт департментот за затворање на затворот во поморската база Гвантанамо во Куба, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Затворот е формиран за странци по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Поранешниот демократски претседател на САД, […]

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за […]

„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан


Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ. Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата […]

Пропаѓа Универзитетската библиотека


Прокиснат  покрив со дупки, вода на подот и скршени светла во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, а вработените поставаат кофи на подовите за да се собере водата. Во вакви услови учат студентите во библиотеката, кои се подготвуваат за своите испити. Оваа зграда на библиотеката не е реновирана декади наназад- изгледа запустено, руинирано и […]

Началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски на Форумот Б-9 во Сараево


 Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска ќе учествува на четиринаесетата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9). -Во текот на престојот во Сараево, Ѓурчиновски ќе оствари средба со началникот на здружениот штаб на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест од ВМРО-ДПМНЕ


Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата […]

Собранието ќе ја почне 43. седница, на дневен ред измени во Изборниот законик, даноците на имот…


Собранието денеска треба да ја започне 43. седница на која на дневен ред се 55. точки, меѓу кои, нови именувања, закони по скратена постапка, во прво и во второ читање, две интерпелации, ратификации на договори и друго. Дел од точките на дневниот ред се очекува да бидат изгласани на комисиски седници. На седницата на дневен […]

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против Ратко Младиќ


Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ. Бранителите и обвинителите на Младиќ исто така се жалеа на првостепената пресуда. Одбраната […]

Земјоделците уште „висат“ по шалтери, примената на дигитализацијата во почетна фаза


Возраста, навиките, менталитетот, немањето доволно познавања, отпорот кон промени и учење нешто ново, стравот да не се направи грешка – која е клучната причина за ниското ниво на дигитализација во македонското земјоделство? Зошто на повеќето наши земјоделци им е многу полесно да отидат во подрачната единица дури и ако тоа значи дополнително губење време и […]

Денеска или утре ќе биде познато каков мазут се увезувал


Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури, најави министерот за економија Крешник Бектеши. – Не криеме ништо, ќе објавиме се на […]

Силен земјотрес од 4,7 по Рихтер регистриран кај Шибеник


Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 по Рихтеровата скала утрово по погоди подрачјето на Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот бил на 13 км југоисточно од Шибеник. Потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути и почувствуван на поширокото подрачје на Задарската и Шибенско-книнската жупанија. 

Прв дојден-прв услужен – од денеска субвенција за вграден плински уред во возилата


Граѓаните кои од денеска ќе вградат уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра. За оваа намена Министерството за економија денеска ќе […]

Продолжува трендот на помалку заболени и починати од Ковид-19, во земјава прв случај на „индиски“ сој на вирусот


Продолжува да се намалува бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беше регистриран само еден нов случај на заболен, поточно од Куманово. Минатата недела во државата беше детектиран и „индиски“ сој на вирусот, и тоа кај еден пациент хоспитализиран во приватна болница, кој претходно бил во Ирак. Според извештајот на […]

Почетокот на преговори на земјава со ЕУ e сигнал и за регионот – дали европската иднина е опиплива и реална


Подобро е да сме позитивно изненадени отколку повторно разочарани. Во случајот со почетокот на преговорите на земјава со ЕУ не се работи само за наш успех, туку се работи и за голем и важен сигнал за целиот регион – дали европската иднина на регионот е опиплива и реална, важно за сите главни градови и за […]

САД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест, прв во последните 20 години


Американскиот регулатор во понеделникот соопшти дека одобрил нов лек за Алцхајмерова болест, прв по речиси дваесет години. „Ова одобрување е важно од повеќе причини“, соопшти Американската агенција за лекови (ФДА). Лекот, произведен од фармацевтската компанија Биоген под името Адухелм, „е првиот лек за Алцхајмерова болест одобрен по 2003 година“, забележа агенцијата. Ова е исто така […]

Ганиу ветува 1,3 милиони евра за подземна инфраструктура во Серава


Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Средбата се одржа непосредно пред почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа во четири улици од населбата Серава на општина Чаир. “Со министерот разговаравме за тековните проекти, но и за оние што очекуваме да […]

СЗО: Околу 420.000 лица умираат годишно од опасна храна


Околу 600 милиони луѓе низ светот годишно заболуваат од конзумирање на загадена храна, а 420.000 умираат од неа, според СЗО, пренесува Дојче веле. Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација (СЗО) на Денот на безбедноста на храната. – Ние имаме колективна одговорност да обезбедиме здрава и свежа храна, […]

ФФМ сподели корисни информации за македонските навивачи на ЕУРО2020


Македонските навивачи кои имаат обезбедено билети за натпреварите што „црвено – жолтите“ ќе ги играат во Букурешт и Амстердам во рамки на Европското првенство во фудбал 2021 од денеска на официјалната веб-страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) можат да се запознаат со сите потребни информации во врска со патувањето и пристапот до стадионите. Преку официјалната веб-страна, ФФМ […]