Марксистот Кастиљо близу до победа на претседателските избори во Перу


Неизвесноста го достигна врвот во понеделникот на финалето на претседателските избори во Перу: радикалниот левичарски кандидат Педро Кастиљо за првпат поведе, откако беа изброени 94,355 проценти од гласовите. Поранешниот учител во 12 часот по локално време (19:00 часот по средноевропско време) водеше пред популистичката десничарка Кеико Фуџимори за 39.164 гласа (50,11 проценти), а имаше 72.000 […]

Ѓоковиќ: Сакам да играм во пет сетови против млади тенисери


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ оцени оти неговата физичка подготвеност и искуство биле решавачки да ја надомести негативата од 0:2 во сетови против 19-годишниот Италијанец Лоренцо Музети и да избори вечерва пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос. Музети, кој го играше своето прво осминафинале на грен-слем турнирите во кариерата, ги реши во своја корист воведните […]

Почна расправата за декриминализација на канабисот


Работната група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации, денеска во Владата го одржа својот прв состанок. На состанокот беше утврдена потребата […]

Над 90 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 во Грција се невакцинирани


Над 90 отсто од лицата, кои со Ковид-19 се примаат во болниците и на Одделите за интензивна нега се невакцинирани, истакна претседателката на националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизација во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Теодориду додаде дека кај дел од граѓаните над 60 […]

Хајко Мас бара да се укине правото на вето во ЕУ


    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас а побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки. „Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, […]

ЕУРО2020 се игра во 11 европски градови, македонските фудбалери во Букурешт и Амстердам


Претстојното ЕУРО2020 ќе биде прво во историјата што ќе се одржи во 11 градови во исто толку земји на Стариот континент, а домаќини на натпреварите на македoнската фудбалска репрезентација ќе бидат Букурешт и Амстердам. Македонскиот состав својот дебитантски настап на големата сцена ќе го има на 13 јуни против Австрија во романската престолнина, а четири денови подоцна „црвено – […]

Пристигнаа уште 12.870 дози од вакцината Фајзер


  Министерот за здравство Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината Фајзер .Филипче на Фејсбук објави дека станува збор за вакцини обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“. Заклучно со вчера  вакцинирани се вкупно 247.157 […]

Кина со нов закон ќе ги заштити своите компании од странски санкции


Кина планира да воведе нов закон за заштита на своите компании од странски санкции, објавија денеска кинеските медиуми. Парламентот на земјата расправаше за предлог-законот за спротивставување на странските санкции, соопшти државната телевизија, без да наведе повеќе детали. Минатата недела, Пекинг ги обвини САД за „потиснување“ на кинески компании, и издаде тајни закани за одмазда откако […]

Заглави и изборот на уставните судии


Не се знае кога ќе продолжи  седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањатана на која треба да бидат утврдени имињата на кандидатите за уставни судии. Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов изјави дека засега не се знае кога ќе биде закажано продолжение, посочувајќи дека имало расправии и тензии и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ […]

Македонската репрезентација на ЕУРО2020 ќе има поддршка од здравствените работници


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини денеска им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои организирано ќе ги следат натпреварите на македонската репрезентација на ЕУРО2020. Здравствените работници беа во приоритетнатa група на лица, кои електронски аплицираа преку ФФМ за купување билети за […]

Ахмети го повика Мицкоски да не обвинува без сериозни докази


Лидерот на ДУИ Али Ахмети му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде поактивен за да се реши отворениот спор со Бугарија и кога обвинува за корупција и злоупотреби да изнсува сериозни аргументи, и тоа не на прес конференции туку во обвинителствата. -Мицкоски, исто така треба да биде поактивен во реформите во правосудството, […]

Пред земјотрес се појавуваат електромагнетни изблици, научниците открија зошто


  Сеизмолозите веќе некое време знаат за кратки, суптилни аномалии во подземјите електромагнетни полиња кои се појавуваат пред земјотреси, понекогаш и со недели порано, но до сега не им беше јасно што точно ги предизвикува. Ново истражување покажува дека одговорот може да лежи во гасовите кои се собираат пред потресот. Имено, непропусните слоеви на карпите […]

Битиќи: Западен Балкан има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видеоконференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“. Вицепремиерот Битиќи, во своето обраќање на панел дискусијата посочи дека […]

Бектеши – Галовеј: Зголемувањето на економската соработка останува приоритет


Зголемувањето на економската соработка ќе остане приоритет во наредниот период се согласија министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј на денешната средба во Скопје на која беше изразено задоволство од континуирано плодната соработка и цврстите пријателски односи меѓу двете земји. Министерот се заблагодари на поддршката од Обединетото Кралство за Министерството […]

ЕМА: Хепаринот да не се користи за ретки тромби по вакцините „АстраЗенека“ или „Џонсон и Џонсон“


Европската агенција за лекови (ЕМА) им даде препорака на лекарите да избегнуваат „хепарин“ при третман на ретки крвни згрутчувања и ниски тромбоцити кај пациенти кои примиле вакцина „АстраЗенека“ или „Џонсон и Џонсон“. Европскиот медицински регулатор, во соопштение со кое сака да ја подигне свеста за правилен третман, се фокусираше на препораката на Меѓународното друштво за […]

ЕУРО: Германците и Шпанците најуспешни, македонската репрезентација дебитира


Одбројувањето до почетокот на ЕУРО 2020 влезе во последната недела спроти премиерниот натпревар меѓу Италија и Турција на 11 јуни во Рим, два дена пред историскиот настап на македонската репрезентација против Австрија во Букурешт. Титулата европски првак досега ја освојувале десет земји, а најуспешни се Германија и Шпанија, кои по три пати триумфираа во европските […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест


МВР информира  дека во Скопје на 08, 09 и 10.06.2021 година ( вторник, среда и четврток) во временскиот период од 15 до 17 часот најавен е протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поради што во овој временски период за сообраќај ќе бидат затворени – крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ […]

Франција го казни Гугл со 220 милиони евра


Француската Агенција за заштита на конкуренцијата соопшти дека американската ИТ компанија Гугл неправедно ги упатувала компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата. Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на пазарната позиција во индустријата за онлајн рекламирање. Гугл се согласи да ја плати казната […]

СДСМ не очекува државнички сенс од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос


Стефан Васев од СДСМ реагираше на најавите за секојдневни протести од ВМРО-ДПМНЕ заради, како што се тврди, прифаќањето на условите од страна на Бугарија за зашпочнување преговори со ЕУ.Притоа Васев ги нарече преставниците на оваа партија штетници кои попрво би ловеле во матно, отколку да и помогнат на државата да напредува.  Ние не се помируваме […]

Стоев чека одговор од Скопје


Бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, изјави дека позицијата на Бугарија во однос на спорот со Македонија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета. Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и оти 85 отсто од граѓаните […]