Пред земјотрес се појавуваат електромагнетни изблици, научниците открија зошто


 

Сеизмолозите веќе некое време знаат за кратки, суптилни аномалии во подземјите електромагнетни полиња кои се појавуваат пред земјотреси, понекогаш и со недели порано, но до сега не им беше јасно што точно ги предизвикува.

Ново истражување покажува дека одговорот може да лежи во гасовите кои се собираат пред потресот. Имено, непропусните слоеви на карпите може да се лизнат преку раседот, блокирајќи го протокот на подземните води. Кога блокадата ќе пукне и ќе дојде до намалување на притисокот, се ослободува јаглерод диоксид или метан потопен во заробената вода, кој се повеќе се шири и се пробива во пукнатините во раседот. Гасот притоа се електризира затоа што ослободените електрони од површината на карпите се прицврствуваат на молекулите на гасот, пишува Science Alert.

Научниците во лабораторија тестираа реакции на кварцен диоритет, габор, базалт и фионзрнест гранит во симулации кои наликуваат на земјотрес. Заклучиле дека наелектризираните гасовити струи навистина може да бидат поврзани со фрактурите на карпите.

Може ли со помош на тоа да се предвиди земјотрес?

Друга хипотеза е дека електромагнетните изливи настануваат кога карпите поради зголемената температура и напрегање стануваат полупроводници, додека некои стручњаци сметаат дека тие изблици не може да бидат предикатори на земјотресите.

За тоа дали овие изблици навистина предвидуваат потрес, ќе се знае дури по понатамошни истражувања. Ако се покаже дека тие навистина предвидуваат земјотрес, може да се дојде чекор поблиску фо прецизно предвидување на таквите случувања.

„Како резултат на овој лабораториски експеримент, може да биде можно да се открие електричен сигнал кој го следи потресот со помош на набљудување на телуричната струја индуцирана во проводникот, како челичните водоводни цевки закопани под земја. Оваа замисла поминува низ теренски изпитувања на моделот во моментов“, наведуваат научниците.