Без вода денеска улиците „Серава“ број 81 и „Џон Кенеди“ во Чаир


Без вода денеска ќе бидат корисниците на улиците „Серава“ бр. 81 и „Џон Кенеди“ во Општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти претпријатието, е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Серава“ 81 и ќе трае до завршување на санацијата.