Адетокумбо: Нема да очајуваме по поразот на вториот натпревар


Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, изјави дека тимот нема да очајува откако беше убедливо поразен од Бруклин нетс (86:125) ноќеска во вториот меч од полуфиналето на НБА плејофот.

– Лесно ќе се опоравиме од поразот и по 0-2 во серијата. Ќе се погрижам за тоа. Јас сум смирен при успехот и реагирам на ист начин на неуспех. Ја добивме серијата со Мајами со 4-0. Не чувствував премногу емоции. Сега губиме во серија 0-2, не очајувам. Само ќе продолжам да ја работам својата работа, да верувам во она што го работам, да верувам во моите соиграчи, да верувам во тимот, да верувам во принципите што ги развивавме во текот на целата сезона. Се надевам дека ќе победиме на третиот натпревар, изјави Адетокумбо.

Третиот дуел е закажан за ноќта меѓу четврток и петок.