Германија и Унгарија во клинч за надворешната политика на ЕУ
Трпението на Берлин поради постојаните вета на Будимпешта е при крај, особено што тоа се случи и за последното коминике за Кина поврзано со Хонгконг
Германија и Унгарија се судрија околу политиката на ЕУ за Хонгконг, во спорот што направи надворешниот сервис на ЕУ да изгледа глупаво.
„Не можеме да оставиме да бидеме заложници на луѓето што ја тресат европската надворешна политика со своето вето“, им рече на германскиот министер Хако Мас на германските амбасадори на состанокот во Берлин во понеделникот (7 јуни), според Ројтерс.
„Ако го правите тоа, тогаш, порано или подоцна, ја ризикувате кохезијата на Европа“, додаде тој.
„Ветото мора да си оди, дури и ако тоа значи дека ние [Германија] можеме да бидеме надгласани“, рече германскиот министер, осврнувајќи се на креирањето надворешна политика на ЕУ со консензус.
Забелешките на Мас беа насочени кон Унгарија, која неодамна ја запре изјавата на ЕУ за морална поддршка на демократските демонстранти во Хонгконг – само едно во долгата низа унгарски вета.
„Унгарија повторно блокираше изјава на ЕУ во Хонгконг. Пред три недели, тоа беше за Блискиот исток”, рече во петокот Мигел Бергер, државен секретар во германското Министерство за надворешни работи.
„Потребна ни е сериозна дебата за… гласање со квалификувано мнозинство“, рече тој.
Унгарија нормално не им објаснува на медиумите, па дури и на колегите од ЕУ дипломати, зошто става вето на работите.
Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ возврати на Германија на неговата веб-страница истиот ден кога Мас проговори.
„Европската левица – водена од германската левица – повторно ја напаѓа Унгарија на презирен начин. Овој пат е што нашата земја одби да потпише политички непоследна и несериозна заедничка декларација за Хонг Конг“, рече Орбан во понеделникот.
Тој, исто така, пошироко ја нападна надворешната политика на ЕУ, велејќи дека е за „потсмев“.
„Кога ќе бидат избришани осум наши заеднички декларации, како што се случи со Кина, деветтата едноставно ќе биде пречекана со повеќе потсмев“, рече Орбан.
„Ние ќе ги искористиме нашите права загарантирани со договорите за основање на Европската унија“, додаде тој, осврнувајќи се на унгарското вето за надворешна политика.
И тој рече дека Европа треба да тера бизнис со земји како Кина, која има огромно дисие за човековите права, наместо да издава „бојкоти, санкции, проповеди и предавања“.
Нацрт-коминикето на земјите-членки на ЕУ за Хонг Конг за првпат беше разгледано на почетокот на мај.
Подоцна тоа беше тонот во него беше омекнат, но Орбан пак го блокираше кога минатата недела се појави на дискусија меѓу амбасадорите на ЕУ во Брисел.
„Колку подолго чекаме, толку повеќе станува застарена изјавата за Хонгконг, но сè уште е на маса“, рече дипломат на ЕУ за „ЕУобсервер“ во понеделникот.
Во меѓувреме, спорот го направи Борел да изгледа глупаво затоа што, на 11 мај, тој постави ултиматум кој не успеа да се исполни.
„Ако не се постигне едногласност… ќе мора да заземеме став што не одразува едногласност“, рече тогаш Борел.
„Ќе продолжиме да работиме [на приговорите на Унгарија] уште една недела … само уште една недела“, рече тој.
Следната одлука на ЕУ за надворешна политика е продолжување на санкциите на ЕУ кон Крим анектиран од Русија за уште една година кога амбасадорите на ЕУ ќе се состанат во Брисел во средата.
Но, дипломатите очекуваат дека ова ќе помине и покрај тоа што Орбан има блиски врски со Русија.
Повикот на Германија за мнозинско гласање во надворешната политика не е нов.
Мас повика на тоа уште пред две години, а Борел неодамна предложи да се користи во „спроведување на акти“, како што е одлучување кои имиња ќе бидат наведени во санкциите за човекови права или хемиско оружје на ЕУ.
Но, ќе биде потребна едногласност за откажување од едногласноста, и додека Германија има поширока поддршка, на пример, од Финска, неколку помали земји-членки не сакаат да се откажат од нивната привилегија.
„Не е само Унгарија скептична во врска со ова“, рече дипломат на ЕУ. (ЕУопсервер)