Во Бугарија уште разговараат како да донираат вакцини за Македонија
Извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов изјави денеска за БТВ дека властите во државата уште разговараат како да се донираат вакцини за Северна Македонија.
„Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството. Владата преговара со разни земји. Знам за договори со Северна Македонија. Начинот на кој тоа треба да се случи се дискутира и со ЕК. Во оваа фаза се коментира за донација, но се разгледуваат и можностите за препродажба, рече Кирилов.
Во врска со фактот дека до крајот на годината се очекува да пристигнат 14 милиони вакцини во Бугарија Кирилов посочи дека тие активно работат за донации на извесни количини.
Според него, досега, речиси 3,8 милиони дози се веќе доставени во Бугарија.