Паднаа страниците на Си-ен-ен, Би-би-си, Њујорк тајмс, британската влада…


 

Неколку веб-страници на познати медиумиски куќи во светот денеска, се паднати, како што се Њујорк тајмс, Би-би-си, Си-ен-ен.

Исто така, паднаа и Твич, Редит, а на некои не им работи Твитер.

Што се однесува на медиумите, проблеми имаат и Гардијан, Фајненшл тајмс, Индепендент, Блумберг.

Истовремено, падна и страницата на британската влада.

Фастли, кој нуди услуги на Си-ди-ен, а ги штити наведените страници објави дека го идентификувале проблемот , кој наводно е одговорен за масосното прекинување на работата на интернетот кај бројни страници, кои беа исклучени од мрежата, а во моментот се решава.

Сепак, не објавија за каков проблем точно се работи.