Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека поради пандемијата со Ковид-19 постои ризик од успорување на напредокот постигнат во родовата рамноправност, бидејќи жените повеќе се грижат за децата за време на карантинот и поголема е веројатноста дека ќе извршуваат поризични работи. – Мораме да обезбедиме пандемијата да не не врати во старите родови обрасци, за […]

Во Скопје хоспитализирани 31 нов пациент, вкупно се лекуваат 303 лица сомнителни на Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани нови 31 пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 303 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.   Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.   Во ковид центарот […]

Лабараторијата при Здравствениот дом Прилеп прави брзи тестови, иако 56 отсто се позитивни, кај персоналот останува надежта


При нагло зголемен број на новозаразени, за два дена 140-ина и со преку 70 хоспитализирани во прилепската болница, Ковид пунктот и лабараторијата при прилепскиот Здравствен дом каде се бесплатните брзи тестови, имаат полни раце работа. Тимот од 12 лаборанти, од кои по еден лабараториски аналитичар и хемичар секојдневно е со ковид-пациентите, но и со нивните […]

Херитиџ: Неефикасното судство и надуениот јавен сектор ги ограничуваат економските слободи во С. Македонија


Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Северна Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени поради падот на трговските слободи. Сепак, во споредба со земјите од опкружувањето сме најдобро рангирани, на 46. место, дури и пред Словенија која е на 48 место, Србија на 54, Косово на 58, Хрватска на 79 […]

Заев би правел влада со опозицијата, но без Мицкоски


Нудиме соработка од секој можен аспект. Сè што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт на Влада со опозицијата, изјави премиерот Зоран Заев. „Сакам да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. […]

EK: Од САД ќе бараме да дозволат извоз на договорените вакцини за ЕУ


 Европската унија ќе побара од САД да дозволат извоз на милиони договорени дози на вакцината „АстраЗенека“ за Европа, со цел да се надминат тековните проблеми во снабдувањето, пишува денеска „Фајненшел Тајмс“. Британските медиуми наведуваат дека британскиот весник ја цитирал и Европската комисија која најави дека ќе побара од Вашингтон да обезбеди слободен проток на залихите […]

Првпат воведена е-трговија во Пошта – онлајн нарачки со можност за испорака до адреса


 АД „Пошта на Северна Македонија“ викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адресан за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Како што информираат од АД „Пошта на Северна Македонија“, процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани […]

Рекордни 7.269 новозаразени од корона вирус во Унгарија


  Во Унгарија забележан е рекорд во однос на новорегистрирани случаи со кроона вирус во последните 24 часа. Регистрирани се 7.269 новозаразени. Тоа е скок од 14 отсто во однос на податоците од петокот кога беа воведени построги рестриктивни мерки за да се сузбие ширењето на вирусот. Унгарија во моментот има една од највисоките стапки […]

Според Ангел Димитров 10 отсто од граѓаните на Македонија станале Бугари


Претседателот на бугарската историска комисија, Ангел Димитров, во емисијата „Сабота 150“, ги нарече бесплодни состаноците со македонските историчари бидејќи не даваат резултат. Според него Љупчо георгиевски е единствен политичар кај нас кој бара позитивен исход. „Исклучително ми е незгодно што треба да ги опишам нашите состаноци како бесплодни. Кога не постигнуваме резултати, значењето на активноста […]

Се гради нова Поликлиника во Сарај која ќе служи на близу 45 илјади жители


Во тек е изградбата на Поликлиниката во Општина Сарај, која ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје. Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа амбуланта ќе служи на близу 45 илјади жители од овој регион кои во овој момент немаат ниту една поликлиника во близина. Филипче денеска изврши увид во градежните работи на Поликлиниката, […]

Габровски: Речиси 90 отсто од новозаразените во Бугарија се со британската мутација на корона вирусот


Во Бугарија во моментов има јасна тенденција на зголемување на инциденцата на Ковид-19, а речиси 90 отсто од новите инфекции се со британската верзија на корона вирусот, јави дописникот на МИА од Софија. Во најголемата бугарска болница за итни случаи „Пирогов“ малку повеќе од половината од ковид креветите се пополнети, изјави проф. Никола Габровски, заменик […]

Затворени три угостителски објекти во Мала Речица, Гостивар и на Бит Пазар


Угостители кои не ги почитувале ограничувањата поради пандемијата, па надвор од дозволеното место имале гости, се соочија созатоврање на своите објекти и соодветни пријави. Имено, во петокот, во 22 часот од полициски службеници од Полициска станица Гостивар при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирано […]

Голема викенд акција за вакцинирање во Франција


Француските здравствени власти овој викенд спроведуваат голема операција за вакцинација со вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ на целата територија на земјата и особено во дваесет и трите најзагорзени департмани од епидемијата, јави дописникот на МИА. -Значајно да се забрза вакцинацијата, почнувајќи од викендов со 23 департамни, каде епидемијата најмногу се заканува, порача  премиерот Жан Кастекс, пред […]

Четири децении од антологиската плоча „Пакет аранжман“


Ако ВИС „Идоли“ го издадеше „Маљчики “ во 1978 година, сигурно ќе имаа политички проблеми. Бидејќи беа објавени во 1981 година, тоа апсолутно никому не му пречеше, рече Влада Дивљан, на чии зборови нѐ потсетува Петар Јанјатовиќ, музички новинар, по повод четири децении од објавувањето на култната плоча „Аранжман на пакет“. „Беше симпатично тоа зезање […]

Филипче: Нема потреба од полициски час во одредени градови, вакцинацијата почнува во среда


По растот на бројот на новозаразени последниве денови, дури две општини, Неготино и Гевгелија побараа воведување полициски час на нивната териториија за да се стави вируот под контрола, но министерот за здравство Венко Филипче, вели дека за тоа засега нема потреба. – Доколку се одлучи дека тоа може да има некаков ефект тогаш да, но […]

Мета: Тој што нема да гласа на изборите нема морално право да се жали на последиците од владеењето


Претседателот Илир Мета денеска ги повика албанските граѓани да гласаат на изборите на 25 април. Преку видео запис на Фејсбук, шефот на албанската државата нагласи дека граѓанинот кој нема да гласа,  нема морално право да се жали на последиците од управувањето или непочитувањето на неговиот глас. -Секој граѓанин кој не гласа, морално нема право да […]

Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вчера вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30), кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана, на територијата на Германија.   Како што соопштија од МВР, […]

Далај Лама ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19


Тибетанскиот духовен лидер, Далај Лама, (85), денеска во болница во северниот индиски град Дармџала, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, јавија американските медиуми. По приемот на вакцината Далај Лама ги повика сите луѓе да се охрабрат и да се пријават за  имунизација. Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама денеска потврди дека се […]

Гани: Власта во Авганистан ќе биде пренесена само преку избори


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека власта на новата администрација во земјата ќе биде пренесена само преку избори, јави ДПА. -Пренесувањето на власта преку избори е принцип за кој нема да се преговара, изјави Гани за време на обраќањето на отворањето на новата законодавна сесија на авганистанскиот Парламент. „Ние сме подготвени да разговараме за […]