Рекордни 7.269 новозаразени од корона вирус во Унгарија


 

Во Унгарија забележан е рекорд во однос на новорегистрирани случаи со кроона вирус во последните 24 часа. Регистрирани се 7.269 новозаразени.

Тоа е скок од 14 отсто во однос на податоците од петокот кога беа воведени построги рестриктивни мерки за да се сузбие ширењето на вирусот.

Унгарија во моментот има една од највисоките стапки на заразување и смртност од последиците на инфекцијата, јавува Ројтерс.

Затворени се сите училипта и повеќето продавници.