Во Скопје хоспитализирани 31 нов пациент, вкупно се лекуваат 303 лица сомнителни на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани нови 31 пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 303 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
 
Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.
 
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти и 8 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.
 
-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, соопштија од Министерството.
 
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Според Министерството, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
 
-Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
 
Во ковид центрите во болниците низ земјава пак, во изминативе 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
 
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.
 
-На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 57, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството.
 
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795 и има околу 342 празни болнички кревети во ковид центрите.
 

Инаку, како што се посочува во соопштението на МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.