Хакерски напад на интернет мрежата во Австрија


Најголемиот австриски телефонски оператор А1 денеска се соочи со голем хакерски напад, кој ја собори нивната интернет мрежа. Неколку часа домашниот интернет бил во прекин низ цела Австрија, а според наводите на А1 причина за тоа бил масивен ДДос напад. Хакерите со ДДос нападот се обиделе да ги онеспособат серверите на А1, во што успеале […]

„X Фактор Акцелератор“ со нова инвестициска програма за помош на стартап компании


„X Фактор Акцелератор“ отвори повик за стартап компании на кои ќе им помогне побрзо да дојдат до инвестиции и нови пазари. Станува збор за инвестициска програма на „X Фактор Акцелератор“ со вкупен буџет од 300 илјади евра кои ќе бидат инвестирани во три до пет компании. Рокот за аплицирање е до 15 март, а стартап […]

Новозаразени 373, починаа осуммина, оздравеа 309


Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19, што е 15,9 отсто. Процентот на позитивни тестови никако да се намали околу 10 (освен во деновите на викендот).  Тоа покажува дека иако епидемиолошката состојба е стабила, таа уште е сериозна. Според градови:   -Скопје 155 -Прилеп 47 -Кавадарци […]

Шахпаска: Првиот Младински ресурсен центар во Гостивар ќе ги поттикне младите на пазарот на трудот и претприемачкиот дух


Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворање на  Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, напомена дека ќе биде од голема корист за младите од Полошкиот регион. На отварањето на ценатрот беше истканото дека во него ќе се врши подготовка на младите за активно учество на […]

Белорусија осуди двајца новинари затоа што ги снимале протестите


Кацијарна Андреева и Дарија Чулцова беа уапсени додека ги снимаа протестите во Минск   Судот во Минск во четвртокот осуди двајца белоруски новинари на две години затвор под обвинение за „нарушување на граѓанскиот поредок“, откако тие ги снимаа протестите против белорускиот лидер Александар Лукашенко. Во ноември 2020 година, Кацијарна Андреева и Дарија Чулцова работеа за […]

Гривчева – Старделова: Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури


Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата. Затоа, порачувам дека никој, а особено здравствен работник, не треба да се сомнева во тоа дали вакцинирањето е вистинскиот чекор за заштита на личното здравје, но и за сузбивање на Ковид-19 пандемијата. Ова го изјави проф. д-р Калина […]

Во САД запленети 10 милиони лажни маски N95


Федералните агенти на САД запленија повеќе од 10 милиони лажни маски N95 со марка 3M во последните неколку недели, што е резултат на тековната истрага за фалсификати продадени на болници, медицински установи и владини агенции во најмалку пет држави, пренесува АП. Најновите заплени се случија во средата кога агентите на Министерството за внатрешна безбедност пресретнаа […]

Кина донира 30.000 вакцини на Црна Гора


  Кина на Црна Гора официјално ѝ донира 30.000 дози од вакцината против корона вирус „Синофарм“, која наскоро треба да стигне во земјата, соопшти Владата во Подгорица, „Кинеските власти ги поддржаа своите производители да преговараат со нашите надлежни органи за набавка и да нѝ ги одобрат наведените количини вакцини, и тоа во форма на донација“, […]

Олумчев: Мерките за заштита од Ковид-19 неопходни до потврдување на колективен имунитет


Раководителот на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Сашко Олумчев смета дека почетокот на вакцинирањето против Ковид-19, кое стартуваше вчера, ќе го забрза процесот на создавање колективен имунитет, доколку постигнеме да вакцинираме најмалку од 300 до 400.000 граѓани. -Ова го велам од причина што различни серолошки студии сугерираат дека бројот на заразени […]

Во Хрватска 365 новозаразени, починаа 24 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 365 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а активни се 2.291. Меѓу нив 829 пациенти се на болничко лекување, а 74 се на респиратор. Починаа уште 24 пациенти, а вкупно досега 5.399. Досега во Хрватска со корона вирус се заразиле 238.866 лица, а оздравеле 231.176. Вкупно се […]

Царовска: Го јакнеме средното стручно, ја зголемуваме вработливоста на младите


Креираме образование базирано на вистински потреби на стопанството, со што бенефит ќе имаат и учениците и компаниите. Учениците добиваат пракса и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски. Ова се придобивките од измените кон кои се стремиме на средното стручно образование во нашата земја, […]

Заев: Логично е понекогаш да имаме различни ставови со Пендаровски за некои прашања


 Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека не се согласува со предлогот во личната карта да се впишува и етничката припадност, рече дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности, и оти е добро што претседателот ќе испочитува ако мнозинството одлучи […]

Занаетчиите генерално задоволни од петтиот пакет мерки


Занаетчиите генерално се задоволни што влегоа во петтиот пакет економски мерки, информираше денеска претседателот на Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија, Агрон Фазлији и додаде дека во моментов ги чекаат уредбите со кои ќе се прецизира поддршката. Понудените решенија ќе им овозможат на занаетчиите да продолжат со работа и да ја надминат кризата со која се соочуваат скоро година дена.   […]

Околу 54 илјади невработени лица доцнат да се пријават во Агенцијата за вработување, им се заканува бришење од евиденција


Заклучно со денеска, околу 54 илјади лица доцнат со пријава во евиденцијата на невработени лица како активни баратели на работа и други лица кои бараат работа, односно пасивни баратели на работа, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. – Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на […]

Симптоми на различни болести се кријат во стапалата: Препознајте дали имате проблем со срцето, црниот дроб или тироидната жлезда


Ова се 4 сигнали дека нешто не е во ред! Дали знаевте дека стапалата откриваат многу за нашето здравје? Знаеме дали сме под стрес, имаме проблем со грбот, срцето или бубрезите ако само „ѕирнеме“ во чевлите. Симптомите на многу болести може да се забележат на стапалата и да делуваат безопасно, така што отекувањето на стапалата […]

Ни Руанда веќе нема лични карти какви што бара Беса во Македонија


Во најголемиот дел земји во светот внесувањето на етничкото или расно потекло, па дури и религијата, се смета за основа за дискриминација, а само кај нас се смета за право и привилегија   Слободанка Јовановска Предлогот за внесување на етничкото потекло во личната карта, освен што ги разбранува страстите во државата, покажа дека нема крај […]

Кина стана главен трговски партнер на ЕУ, ги надмина САД


Статистичкиот завод на ЕУ, Евростат, соопшти дека Кина минатата година стана главен трговски партнер на ЕУ, надминувајќи ги САД. Увозот од Кина во 2020 година се зголемил за 5,6 отсто на годишно ниво, на 383,5 милијарди евра, а извозот е зголемен за 2,2 процента, на 202,5 милијарди евра. Истовремено, трговијата на ЕУ со САД забележала […]

Реновирањето на бар во Севилја откри целосно декориран исламски амам


Амамот во улицата Матеос Гаго во Севилја, на неколку метри од катедралата, е најпрометната од исламските бањи во последните сто години; иако неговите клиенти не дошле прецизно да се капат, туку да се навлажни внатре со пивото од барот „Хиралда“. Реновирањето спроведено од регионалистичкиот архитект Висенте Травер на почетокот на 20 век за претворање на […]

Земјотрес кај Сисак, го почувствува и Пленковиќ во Владата


  Околу 13 часот во Хрватска повторно стресе земјотрес, со епицентар повторно кај Сисак, односно Петриња. СПоред првите информации, јавува Индекс, магнитудата била 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот е на 18 километри од Сисак. Се чекаат официјални информации. Според страницата на ЕМСЦ, по овој земјотрес следувале уште два со јачина од 2,3 односно 1,9 степени […]

Бура во Брисел по нападите на Јанез Јанша врз новинари на Твитер


Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ги крена на нозе илјадниците дописници и новинари откако лично нападна две жени новинарки преку Твитер, Европската комисија денеска експлицитно ги осуди неговите изјави, јавува дописничката на МИА од Брисел. Јанша, кој во стилот на Доналд Трамп, директно се пресметува со медиумите и новинарите преку социјалната мрежа Твитер, овој пат директно […]