Земјотрес кај Сисак, го почувствува и Пленковиќ во Владата


 

Околу 13 часот во Хрватска повторно стресе земјотрес, со епицентар повторно кај Сисак, односно Петриња.

СПоред првите информации, јавува Индекс, магнитудата била 3,7 степени според Рихтер.

Епицентарот е на 18 километри од Сисак. Се чекаат официјални информации.

Според страницата на ЕМСЦ, по овој земјотрес следувале уште два со јачина од 2,3 односно 1,9 степени според Рихтер, но со јачина IV според европската скала.

Потресот се почувствувал и во Загреб, а премиерот Андреј Пленковиќ рекол „Еве, се почувствува земјотрес“.