Слободни околу 7.000 работни места


На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири. Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле  слободни работни места за занимањата: работник за […]

Контроверзна Шведска отиде предалеку: Има и закани со смрт


  Некои вработени во шведската јавна здравствена агенција, која одлучува за контроверзниот шведски модел на борба против Ковид-19, добија и закани. Тие добиле полициска заштита, соопшти денеска шефот на агенцијата, пренесе Ројтерс. Шведскиот одговор на пандемијата беше поинаков од пристапот на повеќето земји во светот, затоа што социјалната дистанца и маските не беа задолжителни, туку […]

Гасификацијата на Битола – многу работа, а малку видлив напредок


Најоптимистичката прогноза е дека гасификацијата на Битола најрано би можела да се случи во февруари следната година   БИТОЛА – Многу работа за малку видлив напредок. Вака тече проектот за гасификација на Битола. Оптимистички беа најавите за гасификација на Битола точно пред една година, во февруари 2020, кога локалната власт излезе со прогноза дека „наесен […]

Османи за „Политика“: Во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и треба да соработуваме


Сите ние во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и наш став е дека треба да соработуваме во процесот на европската интеграција и паралелно да ги решаваме отворените прашања, без едното да го условува другото, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за белградска „Политика“, дадено во пресрет на неговата денешна работна […]

Во Хрватска откриена бразилската мутација на корона вирусот


Бразилската мутација на корона вирусот е идентификувана првпат во Хрватска, потврди научниот тим од Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Според Институтот, од вкупно 50 анализирани примероци собрани во изминатите три месеци, тимот предводен од Оливер Вугрек кај еден примерок пронашол мутација на протеинот каков што постои во бразилскиот вид на корона вирус, […]

Пораст на утринските и дневните температури што ќе предизвика топење на снегот


Следува период на стабилно и сончево време со пораст и на утринските и на дневните температури што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Дневните температури до среда ќе достигнат до 18 степени. По одделни котлини можна е појава на утринска магла и ниска облачност. Управата за хидрометеоролошки работи за сабота во текот на ноќта […]

Фејсбук блокираше австралиски владини профили


 Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан. Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили. Фејсбук денеска почна со блокирање на […]

Договорено: Матурата се поместува за 5 јуни


Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежнст на Министесртвото за образовани и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 […]

Македонски камионџии заглавија во Германија заради задолжителен антиковид тест


СИЗ Македонија Сообракај АМЕРИТ апелира да им се помогне на  возачите од товарниот транспорт кои, како што велат, поради новите мерки со денови се заглавени во Германија на минусни температури чекајќи групирани во стотици да направат тест на одредени пунктови. Управителот на СИЗ Македонија сообракај АМЕРИТ Лефтер Андонов вели дека реагирале кај сите надлежни институции, […]

Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020


Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, а обврска на граѓаните е да ја платат главнината на долгот. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска изјави дека законското решение се подготвува, а граѓаните ќе бидат навремено информирани и повикани поединечно во јавните […]

Бесими: Ако компаниите го прошират бизнисот 30 до 50 проценти од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант 


Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува  дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност […]

Награда од Стопанска комора за „Брако“ за иновативност и развој во услови на пандемија 


Велешката компанија „Брако“ ја доби наградата на Стопанската комора на Македонија за иновативност и развој во услови на пандемија за 2020 година. Наградата се доделува за успешното работење на компанијата и за реализираниот инвестициски циклус од 8 милиони евра, кој опфаќа иновативна технологија на CNC-управувачки машини, нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за […]

ЦГК: Тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона изнесуваат 8,7 милиони евра


За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, стои во анализата со база на податоци што ја подготви Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на  […]

Турски „Пурпласт“ ќе инвестира над 12 милиони евра и ќе отвори 200 вработувања


Повеќе од 12 милиони евра ќе инвестира турската компанија „Пурпласт“ која отвора фабрика во ТИРЗ Скопје 2. Првата фаза од инвестицијата, вредна 5,1 милион евра, предвидува вработувања на 40 – 50 лица со почетна плата од 21.000 денар. Повеќето вработени, околу 90 проценти, ќе бидат со средна стручна спрема, а останите 10 отсто со високо […]

Поради големиот студ милиони луѓе во Тексас се без струја и вода


Тексашки официјални лица предупредија на „катастрофи во рамките на катастрофата“ на историското студено време што во средата остави милиони без греење трет ден, велејќи им на жителите да се подготват за енергијата да не се врати до викендот. Струја нема за 2,7 милиони домаќинства, соопштија официјалните лица. Со смрзнувачки температури што се очекуваат преку викендот, […]

Дали дојде време стопанството да ѝ помогне на државата


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Клиентелизмот кај нас создаде една невозможна ситуација – плаќањето даноци да се смета за „луксуз“, а во исто време истите тие кои се жалат на високи давачки се меѓу најгласните во барањето помош од државата   Уште одѕвонува ехото од пораката на стопанствениците од почетокот на ковид кризата: „Сега е време државата да […]

Повторно отворен Граничниот премин Евзони


Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, утрово е повторно отворен за секаков вид сообраќај за влез и излез од земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека според информациите добиени од Република Грција граничниот премин кој поради штрајк на грчките цариници беше затворен од вчера од 5 часот, е отворен утринава од 05.30 часот.

Упад во Министерството за здравство на Грција за поддршка на осудениот терорист Куфодинас


 Група од околу 60-70 млади лица рано утрово упадна во Министерството за здравство на Грција, фрлија летоци, закачија пано и извикуваа слогани за поддршка на барањата на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист од организација „17 ноември“, кој веќе 42 дена штрајкува со глад, јави дописничката на МИА од Атина. „Солидарност до борецот Димитрис Куфодинас“ и „Штрајк […]

Научници: Одложете ја втората доза од вакцината „Фајзер“, доволна е една


  Научници ги повикаа владите да ја одложат примената на втората доза од вакцината „Фајзер/Бионтек“ против корона вирус затоа што веќе по првата доза се покажува дека нејзината ефикасност е 92,6 отсто. Канаѓанката Данута Сковровски, епидемиолог и Гастон де Серес, професор на канадскиот медицински факултет на Универзитетот „Лавал“, во студија објавена во магазинот „New England […]

Грчките медиуми за почетокот на вакцинацијата во Северна Македонија


Грција – „Северна Македонија: Започна програмата на имунизација благодарение на вакцините што ги доби од Србија“; „Коронавирус: Започна вакцинацијата во Северна Македонија“;„Северна Македонија: Започна вакцинацијата со вакцините од Србија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за почетокот на имунизацијата нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Електронските изданија на медиумите во […]