Кина донира 30.000 вакцини на Црна Гора
Кина на Црна Гора официјално ѝ донира 30.000 дози од вакцината против корона вирус „Синофарм“, која наскоро треба да стигне во земјата, соопшти Владата во Подгорица,
„Кинеските власти ги поддржаа своите производители да преговараат со нашите надлежни органи за набавка и да нѝ ги одобрат наведените количини вакцини, и тоа во форма на донација“, се наведува во соопштението.
Според рна Гора ова е уште една потврда и знак за дополнително зајакнување на традиционалното пријателство на двете земји и народи.