Кина стана главен трговски партнер на ЕУ, ги надмина САД


Статистичкиот завод на ЕУ, Евростат, соопшти дека Кина минатата година стана главен трговски партнер на ЕУ, надминувајќи ги САД.

Увозот од Кина во 2020 година се зголемил за 5,6 отсто на годишно ниво, на 383,5 милијарди евра, а извозот е зголемен за 2,2 процента, на 202,5 милијарди евра.

Истовремено, трговијата на ЕУ со САД забележала значително намалување во двата правца, наведува Евростат.