Помошта од 6.000 денари од четвртиот пакет за оние кои имаа блокирани сметки по прифаќање на законските измени во Собранието


Парите од еднократната финансиска помош од 6.000 денари за ранливите категории граѓани на кои не им беше исплатена поради блокирани сметки и неажурирани податоци до 25 декември 2020 ќе биде исплатена откако Собранието ќе се изјасни за законската измена. Ова за МИА го потврдуваат од Владата на Република Северна Македонија. -Владата достави до Собранието измена […]

Македонија и Србија заедно ќе ја спасуваат евроинтеграцијата од Бугарија


Северна Македонија и Србија бележат нагорен тренд во севкупните односи, како и заемна подготвеност тие да бидат збогатени со нови содржини, со цел подобрување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, а во интерес на градењето на добросоедските односи и регионалната соработка, констатирале денеска во Белград министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот домаќин, шефот на […]

Дури 54.000 лица доцнат со пријавување во Агенцијата за вработување


  Директорот на Агенцијата за вработување , Абдуш Демири, апелира до јавноста и граѓаните да ги почитуваат законските рокови за пријавување во евиденцијата  бидејќи во моментов дури 54.000 лица доцнат со тоа. АВРСМ, согласно уредбата со законска сила донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, […]

Унгарија: Синофарм и Спутник наместо ЕУ-вакцините


По руската, населението во Унгарија наскоро ќе се вакцинира и со кинеската вакцина. Премиерот Виктор Орбан сака да биде побрз од останатиот дел од ЕУ. Но лекарите и народот се скептични Се чини дека на улиците во Будимпешта нема многу воодушевени од кинеската вакцина. Една жена која облечена со дебела зимска јакна и завиткана со […]

Одржан состанок за иницијативата за прогласување на заштитено подрачје „Малешево”


Иницијативата за прогласување на заштитено подрачје „Малешево” на пределот на Малешевски планини и Влаина ги седна на заедничка маса претставниците на општините Берово и Пехчево. Во присуство на државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, како што информираа од Општина Берово, заеднички се разговараше за условите под кои овој предел […]

Во црногорското МВР откриена измама од над еден милион евра


Црна Гора – Во црногорското Министерство за внатрешни работи е откриена измама од над еден милион евра од донации на ЕУ, изјави потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ. Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за злоупотреба на донации од ЕУ наменети за набавка на опрема за надзор на морската граница кон Хрватска и Албанија. – Борбата […]

Пробен попис на населението во Хрватска од 1. до 15 март


Од 1. до 15 март во Хрватска ќе се одржи пробен попис на населението. Како што објави агенцијата Хина, пробниот попис ќе се одржи во Вараждинската жупанија, заедно со Приморско-горанската, Осиечко- барањската и Сплитско-далматинската упанија, како и во градот Загреб. Пробниот попис ќе опфати околу 12.000 луѓе, беше речено на прес-конференција во Вараждин. Заменик-жупанот Роберт […]

Загадувањето го чини здравството во регионот од една до три милијарди евра


Заедничкиот истражувачки центар на Европската унија наведува дека загадувањето на воздухот на Западен Балкан го скратува животниот век на неговите граѓани во просек  помеѓу 0,4 и 1,3 години. Според податоците на Светската здравствена организација, лошиот квалитет на воздухот во регионот предвремено одзема до 13.500 животи секоја година. Во исто време, годишните трошоци за здравствена заштита […]

Макрон претстави план за подобра заштита од кибер криминал


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го претстави планот за подобра заштита на јавните установи и приватните компании од кибер криминал по нападите овој месец врз две болници и зголемувањето на сличните кибер напади во Франција. Нападите врз две болници предизвикаа префрлање на некои пациенти во други установи во време кога францускиот здравствен систем е под […]

Билд ја повика Меркел да се вакцинира против Ковид-19


Германија–  Германските медиуми ги повикуваат политичарите да се вакцинираат против Ковид-19 и со тоа да ги поттикнат граѓаните бидејќи е видлива  воздржаноста на Германците кон вакцините. Билд ја повика канцеларката Ангела Меркел да се вакцинира и со тоа да биде пример за другите. Весникот наведува дека кај Германците пред се постои недоверба во вакцините на АстраЗенека. […]

Во Србија повеќе од 2.500 заразени, починаа 15


  Во соседна Србија, денеска се регистрирани 2.561 новозаразени, додека 15 починаа. Тестирани биле 13.416 лица. На респиратор се 148 пациенти Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 во Србија заболеа 429.048 лица, а починаа 4.292 луѓе. Тестирани се вкупно 2.810.689 лица.

Ѓоковиќ го победи Карацев, се пласира во финалето на Австралија опен


Австралија – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по деветти пат се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Тој претпладнево го совлада Русинот Аслан Карацев со 6:3, 6:4 и 6:2. Воедно Србинот има максимален ефект во досегашните девет полуфиналиња во Мелбурн, а во деветте мечеви за трофејот секогаш победувал. Ривал на Ѓоковиќ во мечот за […]

Aмериканската критика го фали „Македонисимо“ на Симон Трпчески


Најновиот проект инспириран од фолклорна музика „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески, доби пофалби од американскиот магазин специјализиран за рецензии „Америкен Рекорд Гајд“ и двомесечникот „Фанфер“, специјализиран за класична и џез музика. Како што соопштија денеска од КултурОп, во рецензијата на „Америкен Рекорд Гајд“ на читателите им се препорачува овој „амбициозниот проект предводен од пијанистот Симон Трпчески“, појаснувајќи дека самиот наслов […]

Брисел сака поостра трговска политика на ЕУ


Европската Комисија денеска ја презентираше новата постковид трговска стратегија за Европската Унија и предлага нови алатки за поголемо присуство на глобалната сцена, јави дописничката на МИА од Брисел. Извршниот потпретседател на ЕК, Валдис Домбровскис, попладнево ја презентираше новата стратегија пред медиумите. За ЕК е важно во периодот на економско закрепнување кој следи, ЕУ да ја […]

„Happy 13“ – композиција на Мирослав Тадиќ и Ивет Холцверт инспирирана од „Поступано оро“


Светски познатиот гитарист и композитор Мирослав Тадиќ со виолинистката Ивет Холцварт неодамна ја промовираше композицијата „Happy 13“, која е инспирирана од македонскиот танц „Поступано оро“. Оваа песна е и најава за нивниот иден студиски албум „Лука“, кој наскоро ќе биде објавен за „Кроација Рекордс“. Како што соопшти „Кроација Рекордс Македонија“, со ова продолжува фасцинацијата, големата љубов и респект на […]

Вработените во Ватикан кои ќе одбијат вакцина можат да останат без работа


Италија– Ватикан им соопшти на вработените дека можат да ризикуваат да ја изгубат работата ако ја одбијат вакцинацијата против Ковид-19 без оправдани здравствени причини. Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, кој всушност е гувернер на Ватикан, се наведува дека вакцината е одговорен избор поради ризик од нанесување штета на други луѓе. Ватикан вработува неколку илјади луѓе, […]

Ковид кризата без работа остави 18 илјади лица


Бројот на вработените кои останале без работа од 11 март лани, кога почна пандемијата, до крајот на јануари годинава достигна 18.174 лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Во однос на декември минатата година бројката на оние кои останале без работа е зголемена за 1.148 лица, соопшти денес директорот на АВСРМ, Абдуш Демири, одговарајќи на […]

Рекордни 26.000 повици во грчката полиција поради снежната бура


Во вторникот, кога Атина беше под снежна покривка, но со снег не повеќе од 25 сантиметри, грчката полиција, на бројот за итни случаи примила рекордни 26.000 повици, три до четири пати повеќе од обично, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот весник „Катимерини“ повикувајќи се на извори од полицијата објави дека од пет часот наутро […]

Бизнисот бара попис и што помалку избори


 Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво. Многу бизниси веќе отпуштиле работници, а дел се на прагот на одржливост, порача денеска Стопанската комора на северозападна Македонија.Комората бара вакцините да бидат што поскоро обезбедени, пописот да се спроведе и да нема чести избори, туку да и се остави на секоја влада, ако работи соодветно, […]

Нов земјотрес во Петриње од 4,0 степени


Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу хрватските градови Сисак и Петриња, а беше почувствуван и во Загреб. Претходно беше објавено дека јачината на земјотресот е 3,7 степени. „Во 13:08 часот, сеизмолозите регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриње, во близина на Глинска Пољана. Јачината на […]