Во Србија повеќе од 2.500 заразени, починаа 15


 

Во соседна Србија, денеска се регистрирани 2.561 новозаразени, додека 15 починаа.

Тестирани биле 13.416 лица.

На респиратор се 148 пациенти

Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 во Србија заболеа 429.048 лица, а починаа 4.292 луѓе.

Тестирани се вкупно 2.810.689 лица.