Брисел сака поостра трговска политика на ЕУ


Европската Комисија денеска ја презентираше новата постковид трговска стратегија за Европската Унија и предлага нови алатки за поголемо присуство на глобалната сцена, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извршниот потпретседател на ЕК, Валдис Домбровскис, попладнево ја презентираше новата стратегија пред медиумите.

За ЕК е важно во периодот на економско закрепнување кој следи, ЕУ да ја оствари својата стратешка автономија преку поддршка за зелена и дигитална трансформација на општеството, реформа на глобалните правила за трговија во Светската трговска организација (СТО) и силен фокус на мултилатерализмот.

ЕК денеска предупреди дека таму каде што ќе биде потребно ЕУ ќе заземе поагресивен став за да ги одбрани своите интереси и вредности, вклучително преку нови алатки.

– Предизвиците со кои се соочуваме бараат нова стратегија за трговската политика на ЕУ. Потребна ни е отворена трговија заснована на правила за да се врати растот и вработеноста после Ковид-10. Исто така, трговијата мора да целосно да ги поддржи зелената и дигиталната трансформација на нашите економии, изјави попладнево Домбровскис, додавајќи дека ЕУ мора да ги има алатките за справување со „нефер трговски практики“.

Тој додаде дека ова поминува преку реформа на СТО, но и способноста на ЕУ „да ги направи сопствените избори и да го обликува светот преку лидерство и ангажман“. , додаде потпретседателот.