За вакцина се пријавиле 38 000 лица над 70-годишна возраст


Од 85 179 лица  кои досега се заинтересирани да примат вакцина, 38 илјади се над 70-годишна возраст, објави Министерството за здравство. Вакцинацијата во земјава почна вчера со имунизација на 202 здравствени работници. Министеството за здравство укажува дека сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи. -Со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот […]

Долна облека од појадок до состанок: Револуционерна колекција на Agent Provocateur


Англија– Британскиот бренд за долна облека, познат по своите секси модели, ја лансира својата пролетна колекција 2021 година, наречена „Сите часови“, фокусирајќи се на градници и долна облека што можат да се носат, соодветно, во сите часови на денот.  „Луѓето мислат дека брендот е само за спална соба“, изјави за WWD Сара Шотон, креативна директорка […]

Османи во Белград на средби со Брнабиќ и Дачиќ


Министерот Бујар Османи во рамки на посетата во Србија реализираше одвоени средби и со претседателот на Народното Собрание Ивица Дачиќ, како и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ. На средбата во Владата, соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ја пренесе подготвеноста за реализација на Третата заедничка седница на двете влади, како дополнителен позитивен импулс за […]

Нов сој на корона вирус во Норвешка


Нов сој на корона вирус – Б.1.525, што може да биде позаразен од обичниот, е пронајден во Норвешка, објави денеска телевизијата НР. Според Националниот институт за јавно здравје, новиот сој, кој има заеднички карактеристики на британскиот и јужноафриканскиот, е идентификуван во Норвешка во средата. За последните 24 часа во земјата се регистрирани 10 случаи на инфекција […]

Филипче на средба со пензионерите – Од голема важност e да се вакцинираат


 На барање на пензионерите од Скопје, денеска министерот за здравство Венко Филипче, оствари средба во Сојузот на здруженија на пензионери. – На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко […]

Приведен албански државјанин во ГП-Блато, се обидел да поткупи полициски службеник


На граничниот премин Блато, при влез во Република Северна Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР. – При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден […]

Борисов: Гасната врска на Бугарија со Грција треба да биде готова до крајот на 2021 година


Бугарија– Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ја посети трасата на која се гради гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот премиер проектот го опиша како „гасниот автопат со Грција“ и најави дека со грчките партнери е постигнат договор интерконекторот да биде ставен во функција годинава. Борисов изрази надеж дека со […]

Се продава домот на Марлон Брандо каде се сликаше со првиот Оскар: Чини само 4 милиони долари


САД– Нео-готската вила во Холивуд Хилс, која некогаш му припаѓала на Марлон Брандо, е на продажба. Куќата вредна 4,295 милиони долари е изградена во 1926 година и е дизајнирана од славниот архитект А.Ф.Лејхт. Замокот е познат по својата драматична архитектура, сè уште има засводен таван и големи простории каде што Брандо некогаш бил фотографиран со […]

Екссенаторот Боб Дол има рак на бели дробови


САД – Поранешниот американски републикански сенатор Боб Дол, кој неуспешно се кандидираше за претседател во 1996 година, денес изјави дека му е дијагностициран рак на белите дробови и оти ќе се лекува од следната недела. „Неодамна ми дијагностицираа рак на белите дробови во четвртата фаза …. додека сигурно имам некои пречки, знам и дека им […]

Германските научници пресметаа: Каде е највисок ризикот за зараза со Ковид-19


Група научници пресметале колку е голем ризикот од инфекција со коронавирус во училиштата, канцелариите, продавниците, театрите, фризерниците. Еве го заклучокот до кој дојдоа: Во канцелариите и училиштата луѓето се изложени на поголем ризик од заразување со коронавирус отколку во театар или во фризерските салони – под услов да се почитуваат правилата за хигиена, растојание и […]

Штипјани сметаат дека корупцијата е најраспространета во инспекциските служби и судството


Граѓаните на Штип, кои беа анкетирани во истражувањето на Асоцијацијата на демократска иницијатива (АДИ)-Гостивар, сметаат дека најкоруптивни сектори се здравството и полицијата. Лулзими Хазири, извршен директор на АДИ-Гостивар, вели дека проектот е поддржан од УСАИД, а во публикацијата „Проценка на области ранливи на корупцијата на локално ниво“ се дадени  податоците од истражувањето. Опфатени се општините […]

Пик на коронавирусот во Кавадарци, активни 516 случаи


Пик на коронавирусот има во општина Кавадарци, состојбата е крајно алармантна, во моментов има 516 активни случаи. Вака денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев, по состанокот на Општинскиот Кризен штаб. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст. Јанчев информираше дека во регионалната кавадаречка  болница се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 30 од Кавадарци. […]

Ербас минатата година ја заврши со загуба од половина милијарда евра


Европската авијациска групација „Ербас“ објави дека ја заврши 2020 година со загуба и пад на приходите, поради падот на побарувачката за нови авиони во времето на пандемија на коронавирусот.   Приходите на „Ербас“ лани паднаа за 29 проценти, на 49,9 милијарди евра.   Компанијата ја заврши годината со консолидирана загуба пред оданочувањето и каматата од […]

Ограбена продавница за уметнички предмети во Скопје


Во средата, во 20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во периодот од 15.01.2021 до 03.02.2021 од продавница за уметнички предмети на ул.„Васил Главинов” во Скопје биле одземени 52 слики и повеќе рачно изработени уметнички предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се појави фински сој, ПЦР тестот не го препознава


  По британскиот, бразилскиот и јужноафриканскиот се појави уште еден нов сој од корона вирусот, а откриен е во Финска, па го доби името фиснки сој. За сега, како што јави финската телевизија YLE, се уште не е јасно дали сојот под име Fin-796H е поинфективен од другите. Вирусологот Оли Вапахалагти укажа дека ПЦР тестот, […]

Во Турција досега вакцинирани над пет милиони луѓе


Турција – Во Турција, повеќе од пет милиони луѓе ја примија првата доза на вакцина против коронавирус, развиена од кинески Соновак-Биотек, како дел од кампањата што започна пред еден месец, соопшти Министерството за здравство. Анкара започна да вакцинира на 14 јануари со вакцинирање на здравствените работници и повозрасните лица. До денеска, повеќе од 5,2 милиони луѓе […]

Владиката Порфириј избран за нов патријарх на Српската православна црква


Митрополитот загрепско-љубљански Порфириј денеска е избран за 46-ти патријарх на Српската православна црква. По повод неговиот избор се огласија и камбаните од Храмот Свети Сава и Соборната црква во Белград. Владиката Порфириј е роден во 1961 година во Бечеј, а на крштевањето го доби името Првослав. Основно училиште завршил во Чуруг, а гимназија во Нови […]

Антиковид вакцината новинарите и медиумските работници ќе ја добијат во втората фаза


Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Драган Секуловски извршниот директор и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ), информираа од МЗ. На средбата се разговараше за важноста новинарите да бидат […]

Заедничка работна група на МВР и ДИК да работи на воведување на отпечаток од прст во изборниот процес


МВР и Државната изборна комисија да формираат заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност. Ова го предложил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со претседателот […]

Селин Дион ја одложи европската турнеја за догодина


Франција – Поради пандемијата на коронавирусот, познатата канадска пејачка Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја што беше закажана за периодот од 16 март до 16 јуни оваа 2021 година. Новите датуми се поместени меѓу 25 мај и 24 септември 2022 година, објави нејзиниот тим. Спорред новите најави, „Светската турнеја на храброста“ во Европа почнува со […]