Новозаразени 373, починаа осуммина, оздравеа 309


Фото: Б: Грданоски
Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19, што е 15,9 отсто. Процентот на позитивни тестови никако да се намали околу 10 (освен во деновите на викендот).  Тоа покажува дека иако епидемиолошката состојба е стабила, таа уште е сериозна. Според градови:
 
-Скопје 155
-Прилеп 47
-Кавадарци 23
-Охрид 22
-Куманово 20
-Тетово 17
-Струга 10
-Битола 9
-Велес, Струмица и Берово – по 7
-Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6
-Неготино 5
-Дебар и Валандово – по 4
-Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3
-Гевгелија – 2 и Кичево – 1
 
Починаа осум лица: петмина од Скопје (94, 81, 79, 78 и 76) и по еден пациент од Куманово (66), Гостивар (61) и Прилеп (76). Сите се починати во болнички услови.
 
Регистрирани се 309 оздравени пациенти:
 
-Скопје 114
-Охрид 40
-Кавадарци 20
-Куманово 18
-Струга 16
-Велес 14
-Тетово и Прилеп – по 12
-Кичево и Неготино – по 8
-Битола – 7
-Демир Капија – 5
-Штип, Струмица и Кочани – по 4
-Гевгелија, Берово и Крушево – по 3
-Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2
-Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.
 
Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.