Тетин се обидел да обљуби две внуки


Мајката на две  девојчиња пријавила дека нивниот тетин се обидел да ги обљуби. Имено, како што соопшти МВР, во петокот, во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ѓорчепетровци на протест – не сакаат високи згради, туку зеленило


Група жители на Ѓорче Петров излегоа на протестна блокада кај кружниот тек во близина на црквата „Св. Петар и Павле“ за гласно да кажат „не“ за новодонесениот ДУП, со кој се предвидува изградба на голем број станбени и деловни објекти, онаму каде останала празна површина за тоа.  „Оваа е предупредувачки протест против урбаната мафија во […]

Се пукало зад поликлиниката „Чаир“


Утрово во 1.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу пет минути претходно на паркингот позади Поликлиника „Чаир“, на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Италија, поради новите соеви, ги заостри мерките до после Велигден


  Италијанската влада денеска ги заостри рестриктивните епидемиолошки мерки во пет од 20 региони со цел сопирање на ширењето на корона вирусот, посебно поради новите соеви. Италија воведе систем од четири зони зависно од раширеноста на заразата (бела, жолта, портокалова и црвена) што овозможува прилагодување на рестриктивните мерки, а ситуацијата се проценува секоја недела. Прв […]

Дискусија за ретките болести на иницијатива на сопругата на претседателот Пендаровски


На иницијатива на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Денот на ретки болести, денеска беше организирана стручна дискусија на тема „Состојба и подобрување на здравствени и социјални услуги за лицата со ретки болести“. Во своето обраќање на хибридниот интерактивен настан, како што соопштија од Кабинетот на претседателот на државата, Ѓоргиевска нагласила […]

Терасите на Кеј „13 Ноември“ ќе бидат широки само два метра


Билјана Богдановска Долгонајавуваната реконструкција на кејот зад ГТЦ во Скопје почна со уривање на терасите на кафулињата, кои повеќе години се наоѓаа во средината на шеталиштето. Сопствениците на кафулињата, деновиве,  сами ги отстрануваат терасите, а за возврат ќе добијат дозвола за тераси веднаш до влезовите во објектите. Сепак, терасите ќе треба да бидат широки само […]

Албанскиот премиер Рама в понеделник на средба со претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен


Албанскиот премиер Еди Рама и министерката за надворешни работи Олта Џачка в понеделник ќе престојуваат во Брисел. Како што информираа од Владата, тие прво ќе се сретнат со шефот на европската дипломатија Жозеф Борел, по што предвидена е средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. -Напредокот на Албанија за интеграција во ЕУ […]

Јавниот превоз во Стразбур ќе биде бесплатен за лица под 18 години


Властите во Стразбур планираат од 1 септември годинава да воведат бесплатен јавен превоз за жителите под 18 години, објави „Паризиен“. Како што пренесува, околу 80.000 луѓе ќе можат да го користат бесплатниот превоз. Оваа мерка е воведена, меѓу другото, за да се намали количината на емисии на јаглерод диоксид во центарот на градот. Според весникот, […]

Во Хрватска нови 520 заболени со Ковид-19, починаа осуммина


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 520 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случи изнесува 3.216. Меѓу нив 760 пациенти се лекуваат во болница, а 75 се на респиратор. Починаа учте осум пациенти или вкупно досега 5.511. Од почетокот на пандемијата во Хрватска заболеле 242.617, а оздравеле […]

Непрекината серија земјотреси крај Рејкјавик, најсилниот 5,2 степени


  Непрекината серија земјотреси минатите денови во близина на исландскиот главен град Рејкјавик резултира со уште еден, посилен земјотрес. Според податоците на метеоролошката агенција Ведурстофа, еден од стотината потреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од Рејкјавик, утрово бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер. По овој потрес следеле уште дваесетина други со магнитуда посилна од […]

Експлозија во болница во Украина – има жртви


Едно лице загина, а уште едно е повредено денеска во експлозија на кислород во болница во градот Чернивци на западот на Украина. Експлозијата се случила на вториот кат од болницата во време на ручекот, пренесе Ројтерс. Евакиурани се 20 лица, соопшти службата за вонредни ситуации не прецизирајќи како дошло до експлозијата.

Во Русија почна тестирањето на вакцината Спутник лајт


 Првите учесници во испитувањето на вакцината против коронавирусот „Спутник лајт“ се вакцинирани во Москва, изјави денеска заменичката-градоначалник на Москва задолжена за прашања од социјалниот развој, Анастасија Ракова. – Согласно тоа како волонтерите ќе бидат подложени на прегледи, опсегот на вакцинација исто така ќе се зголеми. Активно се поднесуваат пријави од доброволци, при што 490 лица […]

Секое трето дете во Германија има проблем со менталното здравје поради пандемијата


Експертите за ментално здравје на децата во Германија изразија зголемена загриженост во врска со затворањето на училиштата и ограничувањата што го влошуваат стресот на пандемијата кај 13,7 милиони деца и тинејџери во земјата. Тие ја потенцираат можноста за идна криза поради менталното здравје, објави Гардијан. Едно од секои три деца страда од пандемска анксиозност или […]

Николовски: Во вторник ќе објавиме голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во вторник ќе објават голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот. Според Николовски, планот ќе ги содржи сите забелешки, препораки и барања на невладините организации, на Граѓанската платформа за борба против корупцијата, на „Транспаренси“, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на […]

Aнтарктик: Се откачи санта мраз со површина поголема од Лондон


Санта мраз, со површина поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната површина на сантата е 1.270 квадратни километри, а нејзината дебелина е 150 метри. – Времето ќе покаже дали ова одвојување на сантата во наредните денови или недели ќе предизвика дополнително расцепување на ледената […]

Загубите на Формула 1 во 2020 година изнесуваат речиси 400 милиони долари


Формула 1 обезбеди финансиски извештај за 2020 година, според кој тркачката серија претрпе загуби во износ од 386 милиони долари, објави „Моторспорт“. „Кралските трки“ заработија 1,1 милијарда долари минатата година, за разлика од 2 милијарди во 2019 година. Наградниот фонд се намали од 1 милијарда на 711 милиони долари од 2019 година. Загубите на Формула […]

Долниот дом на американскиот Конгрес одобри 1.900 милијарди долари за економијата


Претставничкиот дом на САД одобри огромен пакет за ублажување на ефектите од коронавирусот во вредност од 1,9 билиони (1.900 милијарди) долари. Неговото усвојување беше поздравено од Демократите како акт што ќе поттикне финансирање на имунизацијата, ќе ја олесни работата на администрацијата и ќе им помогне на милиони семејства погодени од смртоносниот вирус. Четири дена откако […]

Предадена во употреба модуларната Ковид болница во Гостивар


Во Гостивар е предадена е во употреба модуларната ковид болница, една од шеснаесетте кои се поставуваат во земјава. Таа е со капацитет од 35 кревети и се наоѓа во близина на инфективното одделение на гостиварската општа болница и целосно е опремен. На предавањето во употреба беше и првиот човек на македонското здравство Венко Филипче, кој […]

Во Хрватска потврдени два случаи од јужноафриканскиот сој


 Првите два случаи на мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во ЈАР, се регистрирани во Хрватска, а е забележано значително зголемување на бројот на лица заразени со британскиот сој на вирусот, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ. – Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 […]

Од утре пониски температури од 7 до 10 степени


Денеска по сончевото и топло претпладне, попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе започне да дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени. Во Скопје претпладне сончево, попладне со умерена […]