Се пукало зад поликлиниката „Чаир“


Утрово во 1.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу пет минути претходно на паркингот позади Поликлиника „Чаир“, на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје.

Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.