Следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази уверување дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19 и кинеските и руските. – Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен  тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку […]

Конституиран новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година


На седницата на Советот за рамномерен регионален развој, што се одржа синоќа, а со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, е конституиран новиот состав на Советот, усогласен со измените и дополните на Законот за РРР. Со измените на Законот, предидено е нови […]

ВМРО-ДПМНЕ прогнозира: Мијалков за два месеци на слобода


Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков, прашува ВМРО-ДПМНЕ, според која премиерот Зоран Заев не спроведува правда, туку се пазари. Реакцијата произлегува од фактот дека поради брзата постапка за процесот „Таргет Тврдина“ рокот до кога апелација треба да донесе одлука за најавените жалби е само два […]

Јужноафриканскиот сој регистриран во Словенија


Во Словенија е потврден првиот случај на зараза со јужноафриканскиот сој на коронавирус, потврди денес словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар. Станува збор за доктор од Марибор, вработен во тамошниот Клинички центар, кој минатата недела со уште неколку лица од Словенија престојувал во Намибија а во понеделник бил на работното место. Уште две лица кои […]

Руската опозиција со собир ќе ја одбележи годишнината од убиството на Борис Немцов


 Во атмосфера на зголемени тензии поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, руската опозиција планира со собир да ја одбележи шестгодишнината од убиството на Борис Немцов, уште еден истакнат противник на руските власти. Приврзаниците на Навални тврдат дека опозиционерот неосновано е испратен да ја издржува затворската казна и ги повикуваа своите истомисленици денеска да положат […]

АВМУ: Нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и ЗНМ и Владата, најостро го осуди нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашните протести против пресудата за случајот „Монструм“. – Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува […]

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски позитивен на Ковид – 19


Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен  на вирусот Ковид – 19. – По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го […]

Во понеделник почнува пописот на дијаспората и на дипломатите


Во понеделник, 1 март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Шефот на дипломатијата Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа […]

Твининг-проект: Народната банка ги следи стандардите и практиките на ЕУ во супервизијата и регулативата


Успешно се спроведува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“. Одржани две презентации од областа на банкарската супервизија и регулатива Народната банка е постојано посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија во сферата на банкарската […]

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 114 милиони лица


САД – Бројот на заразени со коронавирус вирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 114 милиони. Според веб-страницата „Worldometers“ досега се регистрирани 114.000,595 милиони пациенти, повеќе од 2,5 милиони пациенти починале, а 89,5 милиони луѓе оздравеле. Во моментов има речиси 22 милиони активни случаи во светот, а 0,4 проценти од пациентите се во сериозна состојба. […]

Републиканците го чекаат Трамп со позлатена статуа да се обрати на годишниот собир на партијата


Најголемиот годишен собир на конзервативците во САД почна вчера во Орландо, на Флорида, а ќе заврши утре, со обраќање на поранешниот претседател Доналд Трамп, чија позлатена статуа е поставена на митингот од неговите верни републикански сојузници. Гувернерот Рон ДеСантис го отвори собирот, фалејќи го својот одговор на пандемијата на коронавирус и прилично нерестриктивните протоколи на […]

Апасиев и Крмов побараа мислење од Венецијанска комисија за етничката припадност во личните карти


Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, испратија писмо до претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио, во кое се бара правно мислење околу проблематичното прашање за планираното впишување на податоци за „етничка припадност“ во личните карти на македонските граѓани, ссоопштија од оваа политичка партија. Причината за ова писмо, е тоа што, ова советодавно тело […]

Невладиното здружение на млади правници не се согласува со констатациите дека „системот профункционирал“


Претседателот на невладиното македонско здружение за млади правници, Зоран Дранговски не се согласува со констатацијата дека системот во државата профункционирал. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на Алсат, Дранговски го образложува својот став посочувајќи на пример од денешното рочиште за изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. „Не би се согласил […]

Курбиново и Матејче добија највеќе пари: Рекорден буџет за заштита на културното наследство годинава


За оваа година обезбеден е буџет од околу 105 милиони денари само за заштитата на културното наследство За конзервација и реставрација на прва фаза архитектура и конструкција, и втора фаза како културно наследство во опасност, црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново ќе добие три милиони денари.Ќе бидат вложени уште 20.000 денари за изработка на елаборат за […]

Црвенковски го одмрзнал членството во СДСМ?


Премиерот Зоран Заев е пред реизбор за претседател на владејачкиот СДСМ, со оглед на тоа што нема противкандидат на првите непосредни избори за лидер на партијата, откако во четвртокот заврши постапката за ажурирање на членството. На 21 март, сите оние кои во изминатите неколку седмици го обновиле членството или сега се зачлениле во СДСМ ќе […]

Филипче: Здравствените работници покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво


Министерот за здравство Венко Филипче во видео порака по повод една година од првиот регистриран Ковид случај во земјата вели дека здравствениот ситем покажал дека има знаење и искуство да се носи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја. Тој им се заблагодари на здравствените работници за кои вели дека заслужуваат цела почит и благодарност. […]

Левица бара конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков


 По фијаското со самопријавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството и скандалозната изјава на премиерот Заев дека тој лично координирал со акцијата, како да е обвинител, а не премиер – денес беше изречена 12 години затворска казна за поранешниот директор на УБК. Се работи за еден од најголемите криминали и злодела на претходниот режим, преку кој […]

Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето со ретки болести и го зголемуваме бројот на достапни лекови


Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се сретнаа со 12 претставници на здруженијата за ретки болести, соопшти денеска владината прес-служба. Премиерот Заев ги потврди заложбите на Владата кон афирмација и поддршка на граѓаните кои живеат со ретка […]

Повеќе од 400 осуденици побегнаа од затвор на Хаити, 25 загинати


Повеќе од 400 осуденици избегаа од затвор на Хаити, недалеку од главниот град Порт-о-Пренс. Во денешниот извештај на локалните власти се вели дека 25 лица загинале пред два дена при масовното бегство од затворот Круа ле Буке, меѓу нив и директорот на таа институција и случајни минувачи кои биле во центарот на инцидентот, пренесува Би-Би-Си. […]

Во последниот квартал лани починале 9.465 лицa, за 89,1 отсто повеќе во споредба со 2019 година


Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4.935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4,8 отсто. Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89,1 отсто во споредба со 2019 година и изнесува 9.465 лицa, а од нив 12 се умрени […]