Кучињата на Леди Гага вратени неповредени


САД- Двата француски булдога на Леди Гага, кои беа украдени од крадци кои пукаа и го ранија нивниот шетач, беа пронајдени неповредени вчера, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Една жена ги донесе кучињата во Полициската станица на Олимписката заедница на ЛАПД, северозападно од центарот на градот, околу 18 часот, рече капетан Џонатан Типет, команден службеник […]

Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер


Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус му пиша на Претседателството на БиХ за моменталната состојба во врска со набавката на вакцини против коронавирусот. Во писмо, во кое имало увид порталот Кликс.ба, Гебрејесус му честиташе на Претседателот на Претседателството Милорад Додик, за подготовките што БиХ ги направи за да ги исполни барањата на […]

Епилог на упадот во американскиот Конгрес: 280 уапсени, постапка против 300 луѓе


САД- Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6 јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин. – Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното“, рече Карлин. Неговите коментари доаѓаат […]

Постепена нормализација на животот во Австралија


Во Австралија, чекор по чекор, животот се нормализира и се враќа во состојбата од пред пандемијата на коронавирус. Во државите Нов Јужен Велс и Јужна Австралија се дозволени собири во сали за танцување и свадби, а во државата Викторија е дозволен поголем број гледачи на спортски настани. Во овие три земји, каде што живее скоро […]

Шекеринска и Карлин потпишаа нов Меморандум за соработка во одбраната меѓу Северна Македонија и САД


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Мара Карлин, во Скопје и во Вашингтон го потпишаа новиот Меморандум за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Брнз. Новиот Меморандум […]

„Зад стоговите сено“ – филм кој ја потврдува грчко-македонската културна соработка


Изнаоѓање на една заедничка нишка и зближување на народи кои живеат на различни територии, како и продлабочување на соработката е идејата на најновиот филм „Зад сноповите сено“, кој е во грчко-германско-македонско копродукција. Најголемиот дел од овој филм се снимаше во јануари во Грција, а деновиве се снимаше и на локациите во Дојран и Гевгелија. Филмот […]

Вакцината на Џонсон и Џонсон пред одобрување од Американската агенција за храна и лекови


Советниците за вакцини во Американската агенција за храна и лекови (ФДА) вчера ја одобрија употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против коронавирусот, јави Си-Ен-Ен. ФДА и Комитетот за биолошки производи јавно гласаа за одобрување на вакцината за итни случаи за лица постари од 18 години. Доколку одборот на ФДА ја следи препораката, и има […]

За новата книга „Тетовскиот говор“ тетовци со резервации кај авторот Дарко Гавровски


Дарко Гавроски авторот на книгата „Тетовскиот говор-енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ која во јануари излезе од печат поради големиот интерес направи листа со резервации па заинтересираните да добијат примерок кога ќе се испечати новиот тираж. Запишувањето на „стари лафој“ (зборови) кое започнало во 80-тите години на минатиот […]

Бесими: Годинава ќе имаме економски раст дури и според песимистичкото сценарио


По првото тримесечје од 2021 ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите, како и да се намалува преголемата претпазливост на потрошувачите, што би резултирало со стапка на раст на економијата од 4,1отсто, согласно основото сценарио. Дури и да се случи песимистичко сценарио, […]

Проекција на филмот „Ќерки на прашината” на Џули Даш во Скопје, Битола и Струмица


Американскиот филм „Ќерки на прашината” на Џули Даш од 1991 година, вечер од 19 часот истовремено ќе биде прикажан во Центарот за култура Битола, кино „Фросина“ во МКЦ Скопје и во Музеј – Струмица, со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19. Проекцијата е по повод „Месецот на црнечката историја во САД“ и е […]

Поголем дел општини сè уште несоодветно ги организираат тендерите


Јавните набавки се организираат слабо и несоодветно, не се образложуваат потребите од јавни набавки, што води до чести измени на годишните планови за јавни набавки. Законска измена има, но и натаму главен критериум е најниската цена, додека во мал дел од набавките e забележана значајна разлика во цените на иста стока, работи или услуга од општина до општина, покажа истражувањето […]

Претставниците на медиумите во Грција обвинуваат за полициско насилство на протест во Атина


За уште еден случај на полициско насилство врз вработени во медиумите, со седум повредени во неиспровоциран напад од полицајците за време на синоќешниот протест во Атина, обвинуваат преку соопштение од Здружението на фоторепортери на Грција заедно со Здружението на странски дописници во Грција и со поддршка од Здружението на новинари, јави дописничката на МИА од […]

Зголемен бројот на новозаразени, вкупно 101.762 случаи во КОВИД-годината


Со статистиката од вчера за новите 554 заразени, корона-годината во земјава е заокружена со 101.762 дијагностицирани. Од ланскиот 26 февруари, кога беше откриен првиот случај и е почеток на епидемијата кај нас, направени се 516.169 тестирања за КОВИД-19. Оздравени се 90.895, а починаа 3.119 пациенти. Како и во регионот, критично беше во есенскиот, втор бран, […]

Пад на банкарските камати во јануари, но и на кредитите и на депозитите


Просечната каматна стапка на  кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 процентни поени, покажуваат последните објавени податоци на Народната банка. Според податоците просечната каматна стапка на депозитите изнесува 0,93 отсто, што претставува месечно […]

Сончево и топло, температурата до 23 степени


Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен вветер. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 […]

Канада ја одобри вакцината на АстраЗенека


 Канадскиот здравствен регулатор денеска ја одобри вакцината против Ковид-19 развиена од британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, со што стана третата вакцина против коронавирусот што е одобрена во земјата. – Вакцините ќе пристигнуваат сè побрзо и побрзо како што се доближуваме до пролетта – и не само затоа што пратките на Модерна и Фајзер рапидно се зголемуваат, […]

Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година


Белата куќа имаше „сериозни разговори“ со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките луѓето што биле вакцинирани против Ковид-19 да можат да поминуваат време заедно, откри водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи. „Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми после една година, изјави Фаучи за […]

Нема скриена агенда во пописот, не е доцна сите партии да се вклучат во неговото спроведување, вели Маричиќ


Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во гостувањето на ТВ Сител, тој испрати порака до сите граѓани и политички партии, дека не е доцна да се вклучат во спроведувањето на пописот, зашто, како што истакна, […]

(Галерија) Како протестот за „Монструм“, најавен како мирен, се претвори во насилен


Беше најавен како мирен протест против пресудата за случајот „Монструм“. Така и почна, иако на моменти имаше провокации – обид за пробивање на полицискиот кордон, лепење плакати на штитовите и клоцање… Кога многумина мислеа дека така и ќе заврши и дека учесниците ќе заминат, прерасна во насилни демонстрации со фрлање камења врз органите на редот […]

Полскиот премиер: Компаниите потпомогнати од државата треба да го поделат патентот за вакцина


Фармацевтските компании кои добија државна поддршка за развој на вакцина против Ковид-19 треба да ги поделат правата на интелектуална сопственост со другите за да се зголеми производството, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Парите што ги потрошивме заедно за оваа цел беа наменети за научници и фармацевтски компании, а сега се чини дека заостануваат во производството, односно вакцините од европските фабрики се испраќаат […]