Спасовски: Истрагата мора да покаже каде е пропустот и дали некој помагал на Мијалков


Истрагата во овој дел за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже за тоа каде е пропустот, во кој дел од системот и системот да се консолидира за да не ни се повторуваат вакви настани во иднина. Истрагата мора да покаже дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот […]

Грчкиот министер за внатрешни работи на средба со Заев, соседите имаат нови односи


Меѓу Македонија и Грција последниве две години има ново поглавје во односите, оценија денеска премиерот Зоран Заев и грчкиот министер за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис. Според соопштението од Владата, било заклучено дека соработката меѓу државите оди во нагорна линија во последниве две години. На Заев му била пренесена пораката дека Грција продолжува да ги […]

Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за правична дистрибуција на вакцините


Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција изготвена од Велика Британија, со која се повикува на фер дистрибуција на вакцините против Ковид-19, соопштија дипломатски извори. Резолуцијата, која е втора поврзана со пандемијата што Советот за безбедност ја усвојува за една година, исто така, повикува на солидарност, како и за прекин на воените акции низ целиот свет со […]

Забраната за исплата на дивиденда ги „потопи“ акциите на банките на Берзата


Најмногу се намали вредноста на две од банките кои ја сочинуваат „големата тројка“ – на Комерцијална банка за 3,89 отсто и на НЛБ банка за 4,21 отсто, но и на Стопанска банка Скопје за 0,69 отсто   Мирче Јовановски Вредноста на акциите на повеќе банки кои котираат на Македонската берза денеска значајно се намали откако […]

САД ја обвини Кина дека анално тестирала нејзини дипломати, Пекинг вели дека било грешка


САД– Американскиот весник „Вашингтон Пост“ минатата недела соопшти дека неколку припадници од американскиот дипломатски персонал се пожалиле во Стејт департментот дека биле подложени на анални тестови со брис за утврдување присуство на коронавирус. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиан го негираше тоа и тогаш изјави дека „Кина никогаш не побарала од американските […]

Американската на албанската војска и донираше 29 возила „хамви“


Албанија – Војската на САД на албанската армија и донираше 29 воени возила „хамви“. Веста ја објави американската Aмбасада во Тирана наведувајќи дека овие возила ќе помогнат во подигање на албанската воена подготвеност и нејзината заедничка активност со НАТО. -Дваесет и девет повеќенаменски возила со голема подвижност (хамви) пристигнаа на пристаништето во Драч. Овие возила се донација за […]

Шпанија ќе им дава една доза вакцина на помладите од 55 години кои прележаа корона


  Шпанија одлучи да им дава само по една доза од вакцината против корона вирусот за помладите од 55 години кои биле заразени со вирусот, објави денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата на вакцинирање. „Траењето на отпорноста на вирусот по заразата по природен пат е непознато, но истражувањата покажуваат дека една доза […]

Нема никаков напредок во работата на историската комисија


Историската македонско-бугарска комисија по по дводневниот состанок заврши онаму каде што почна – без договор за ниту една работа. На оваа 12. средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, а не била постигната и согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Комисијата не го отвори прашањето за Гоце […]

Осум лица приведени, повредени седум полицајци во протестот за „Монструм“


Осум лица се приведени и се уште се работи на случајот, а повредени се седум полицајци во денешниот протест за „Монструм“, потврдија за МИА од МВР. Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм“, но и за други судски случаи и откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полициајците,  […]

Лазаров го скрати списокот ракометари за квалификацискиот двомеч со Данска


Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска скратениот список со 23 ракометари, кои се повикани на подготовките за претстојните два натпревара против светскиот првак Данска во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонските ракометари ќе ги започнат подготовките на 6 март за кога е закажан првиот собир во Скопје. Според […]

Во Србија повторно повеќе од 3.000 заразени, починаа 16


  Во Србија, според последните податоци, регистрирани сè уште 3.339 новозаразени, а починаа 16 лица. Во болница се лекуваат 3.876 пациенти, а 159 се на респиратор. Тестирани се 14.128 лица. Досега во Србија од Ковид-19 забоела 453.240. Вкупно се тестирани 2.917.578, а досега починаа 4.414 заболени. Во Србија до денеска се вакцинирани 1.393.035 граѓани, а […]

Ќе се воведе интегриран информациски систем за управување со јавните финансии


Министерството за финансии интензивно работи на подготовка на проектот за воведување интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS) кој очекуваме да биде поддржан од Групацијата на Светска банка и од Европската комисија во рамки на ИПА 2, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната средба со директорот на Светска банка за земјава, […]

Заврши протестот за „Монструм“, осуди за нападите врз полицијата и новинарите


Учесниците во денешниот протест за „Монструм“, но и полицајците се повлекуваат од локацијата на Бит Пазар. До тука стигнаа демонстрантите, кои по полициска проценка за можни инциденти беа спречени да ја поминат претходно планираната маршрута – од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде првично планираа да дадат изјави. Ситуацијата во моментов е […]

Во Британија 17 гимнастичари поднеле тужба против злоставување


Англија – Седумнаесет гимнастичари во Велика Британија денеска поднесоа тужба против националното раководно тело Бритиш Гимнастикс (British Gymnastics), тврдејќи дека биле злоставувани. Групата, во која има тројца олимпијци, испратила писмо до Агенцијата обвинувајќи ги тренерите за физичко и психичко малтретирање. „Злоставувањето го извршиле тренерите и други вработени во Бритиш Гимнастикс во различни клубови низ Велика Британија, сите […]

Навални префрлен во затвор надвор од Москва


Русија– Шефот на Руската федерална казнена служба Александар Калашников потврди дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е префрлен во затворска колонија надвор од Москва, каде треба да отслужи казна од две и пол години затвор, пренесува агенцијата ТАСС. Агенцијата наведува дека Калашников изјавил дека во казнената колонија што не ја именувал, нема опасност по безбедноста или здравјето […]

Нови 554 заразени со корона вирус, починаа осум пациенти


Во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 258 -Кавадарци 51 -Прилеп 41 -Куманово 25 -Неготино 22 -Охрид 18 -Тетово 16 -Струга 13 -Гевгелија 12 -Битола 11 -Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10 -Штип 8 -Кичево 7 -Гостивар и Валандово – по 6 […]

Во тек се разговори за вакцината „Спутник ви“, пристигнувањето на кинеските се одложува за неколку дена


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е потпишан договорот за набавка на руската вакцина „Спутник ви“, а од вчера течат и разговорите со производителот. За да се забрза набавката на вакцините се ангажирал и рускиот амбасадор во нашата држава Сергеј Александрович Баздникин, соопшти Филипче. -Покрај разговорите за кинеската вакцина и вакцините на „Фајзер“, […]

Колегата Јота има тешка повреда на главата, вели Филипче


Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно […]

Пендаровски покровител на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“


На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, денеска се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот Пендаровски, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука. -Современиот македонски литературен јазик е од непроценливо […]

Основачите на Бионтек ќе го добијат највисокиот орден на Германија


Германија– Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и пласираше вакцина против коронавирусот. Како што е соопштено од Кабинетот на претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер на 19 март ќе го предаде „Крстот на заслуги со ѕвезда“ на научната двојка Езлем Тиречи и Угур Сахин. Ова […]