(Галерија) Како протестот за „Монструм“, најавен како мирен, се претвори во насилен


Беше најавен како мирен протест против пресудата за случајот „Монструм“. Така и почна, иако на моменти имаше провокации – обид за пробивање на полицискиот кордон, лепење плакати на штитовите и клоцање…

Кога многумина мислеа дека така и ќе заврши и дека учесниците ќе заминат, прерасна во насилни демонстрации со фрлање камења врз органите на редот и со седдумина повредени полицајци.

На протестите беа нападнати и неколку новинарски екипи, што уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста на медиумските работници.

Фотографиите на нашиот репортер Борис Грданоски ја пренесуваат тензичната атмосфера на протестот и моментите кога дел од учесниците почнаа да ги каменуваат полицајците кои не дозволија протестот да продолжи кон Кривичниот суд Скопје и потоа пред Собранието и пред Владата како што првично беше најавено од организаторите. Тие беа запрени пред крстосницата кај деловниот центар Мавровка во близина на Бит пазар.

(Фото: Борис Грданоски)