Невладиното здружение на млади правници не се согласува со констатациите дека „системот профункционирал“


Претседателот на невладиното македонско здружение за млади правници, Зоран Дранговски не се согласува со констатацијата дека системот во државата профункционирал. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на Алсат, Дранговски го образложува својот став посочувајќи на пример од денешното рочиште за изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Не би се согласил во целост дека системот профункционирал затоа што има сериозни аспекти коишто уште од бегството на Груевски не се откриени, а сега повторно ни се случуваат некои работи. Тоа што денеска го спомена обвинителката во барањето за ефективен притвор, вели: МВР достави информација дека не може да обезбеди 24 часовен надзор над куќниот притвор на Мијалков. Тоа е – не функционира системот. Имате законска основа тоа да го спроведете, а велите дека нема капацитет тоа да го направиме“, вели Дранговски.