Ѓорчепетровци на протест – не сакаат високи згради, туку зеленило


Група жители на Ѓорче Петров излегоа на протестна блокада кај кружниот тек во близина на црквата „Св. Петар и Павле“ за гласно да кажат „не“ за новодонесениот ДУП, со кој се предвидува изградба на голем број станбени и деловни објекти, онаму каде останала празна површина за тоа. 

„Оваа е предупредувачки протест против урбаната мафија во Ѓорче Петров!“, напишаа од иницијативата против урбаното дивеење на Фејсбук. 

 –Овде во паркот во Ѓорче се предвидени 15 згради со висина по 33 метри, Во Јурија се  предвидени околу 20 тина згради со висина од 60 метри. Имате и висококатници спроти пазарот во Ѓорче. Во Хром има 100 нови згради. 1.300 жители кај паркот во Ѓорче се предвидува, во Јурија околу 4.000 нови жители во Хром исто така – вели Горан Костов од иницијативата против урбаното дивеење, јави Телма.

Граѓаните со порака – не нѝ треба бетонизација туку нови зелени површини.

Од Општината пак беа децидни дека промена во ДУП-от немало, бидејќи станувало збор за истиот од 2014 година, но сега разработен.