Нема проблеми со вакцината АстраЗенека. Токму спротивното


Многумина во Германија, и пошироко, се скептични во однос на вакцината АстраЗенека, па дури и одбиваат да се вакцинираат, бидејќи сметаат дека не е доволно ефикасна. Сепак, овие сомнежи не се оправдани. Факти Во клиничките испитувања се покажа дека по првата доза, британската вакцина има ефекасност од најмалку 76 отсто, и ако втората доза се […]

Од утре почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците


Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од утре, 1 март до 21 април. Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања […]

Бајден: Соопштение за Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашоги во понеделник


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација ќе објави соопштение во врска со Саудиска Арабија во понеделник, по извештајот на американското разузнавање, според кој е утврдено дека престолонаследникот Мухамед бин Салман го одобрил убиството на новинарот Џамал Кашоги. Како што пренесуваат странските агенции, администрацијата на Бајден се соочи со одредени критики дека претседателот требало […]

Се повеќе заразени со корона, надлежните за сега не најавуваат нови рестрикции


Не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има, изјави министерот за здравство Венко Филипче откако во изминатиот период се бележи благ пораст на бројот на новозаразени и честа појава на случаи со мутираниот, британски сој на вирусот. – Нема таква индиција поради тоа што порастот не е таков како што беше […]

Сончево со мала до умерена облачност и посвежо


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне […]

Грешката на Ворен Бафет од 10 милијарди долари: „Пресижн Кастпартс“


И Ворен Бафет прави грешки. Деведесет годишниот милијардер во саботата призна дека „платил премногу“ кога неговиот „Беркшир Хатавеј“ потроши 32,1 милијарди американски долари во 2016 година за да купи производител на авиони и индустриски делови „Пресижн Кастпартс Корп“ (Precision Castparts), неговата најголема аквизиција. „Беркшир“ отпиша 9,8 милијарди долари од вредноста на „Пресижн“ минатиот август, бидејќи […]

Банката на Америка: Кина ќе стане најголемата економија на светот веќе во 2028 година


Кина има големи шанси да ја удвои големината на својата економија до 2035 година и да ги надмине Соединетите Држави како најголема економија во светот, изјави економистот на Банката на Америка (BofA), Хелен Кјао. Додека Кина сака да стане напредна земја, кинескиот претседател Си Џинпинг неодамна изјави дека е можно двојно да се зголеми бруто […]

Јужнокорејски остров обои град во виолетово за да привлече туристи


  Жителите на Банвол во Кужна Кореја сакаа да се истакнат во однос на другите туристички дестинации за да привлечат повеќе гости, па смислија необично решение. Банвол е трансформиран во виолетов рај така што речиси се е обоено во виолетова боја, од куќите до знаменитостите. Бојата е инспирирана од локално цвеќе, а со неа се […]

Во БиХ раст на бројот заразени – денеска повеќе од 700


  Во Босна и Херцеговина во саботата се регистрирани повеќе од 700 нови случаи со корона вирус, што потврди дека во таа земја повторно почнува да се шири вирусот по тринеделна стабилна епидемиолошка состојба. Заводите за јавно здравство од ентитетите пријавија 510 новозаразени во Федерацијата, 192 нови во Република Српска, а имаат и 17 починати. […]

Двајца мажи се удавија во замрзнато езеро во Шведска – ден претходно, четворица


  Еден ден откако четири лица се удавија во замрзнато езеро во Шведска, исто настрадаа уште двајца мажи. Властите примиле повик за помош за две лица кои биле на мразот и дека веројатно пропаднале во него. Се претпоставува дека се работи за несреќа, а не за злосторство. Двајца мажи пак, во петокот ловеле риби и […]

Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето


Повеќето европски земји повторно воведуваат целосно или делумно затворање за борба против зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19. Франција, Италија, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања. Строгите мерки остануваат на сила во Германија и Ирска, додека Шведска ги заостри мерките пред неколку дена, но тие сè […]

Љубчо Георгиевски нашол формула како да се реши спорот со Бугарија


Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на Фејсбук го коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор, за кој вели дека е влезен во ќорсокак. Тој дава предлог како да се реши спорот, и да не се создава омраза меѓу двата народи. Вели дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.  Според него, во поимот Северна Македонија не […]

Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март


СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80 000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март.   Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ, согласно со Правилникот […]

Илјадници луѓе во Британија евакуирани поради детонација на бомба од Втората светска војна


Неексплодирана бомба од Втората светска војна откриена во англискиот град Ексетер, на приватно земјиште во близина на локален студентски дом, ќе биде детонирана, соопшти полицијата. „Илјадници лица се евакуирани од домовите во градот каде властите сè уште ја испитуваат експлозивната направа“, пренесува „Гардијан“. Полицијата денеска направи кордон околу бомбата, долг 400 метри, а 2.600 домаќинства […]

Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот достави предлог за притвор за двете лица, соопшти Јавното обвинителство. Осомничените, на возраст од 22 и 19 години, учествувале на […]

Де Кро: Во Белгија нема олабавување на мерките, тоа би имало краткорочен ефект


Мерките во Белгија ќе останат засилени, рече белгискиот премиер Александар Де Кро, додавајќи дека последната недела е зголемен бројот на пациенти во болниците, што според него е причина за вознемиреност. Поради тоа, властите избраа да прогласат „недела на чекање“ пред да донесат какви било одлуки за олабавување на мерките. „Мислам дека секој од нас е […]

За малолетникот кој со автомобил удри во лекар, побаран куќен притвор и одземање на пасошот


Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 3 во врска со […]

Расте бројот новозаразени – денеска 721 случај, 171 оздравени и седум починати


Регистрирани се 721 нов случаj на Ковид-19 во изминатите 24 часа од 3.816 тестирања,  соопшти Министерството за здравство.   Од нив, 334 се во Скопје, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива […]

Пораст на бројот на заразени од корона вирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија


Бројот на пациенти заразени со коронавирус во земјите од регионот денеска бележи пораст во споредба со претходните денови, а најтешка е состојбата во Унгарија, каде се регистрирани 4.948 инфекции и 107 смртни случаи. Според извештаите на медиумите, во Србија се регистрирани 3.210 новозаразени и 15 починати. Во Хрватска, пак, во последните 24 часа се потврдени […]

Новинар пријавил дека бил удрен со тврд предмет на вчерашниот протест за „Монструм“


 Б.С. (49) од Скопје, ангажиран како новинар, вчера попладне пријавил дека бил погоден со тврд предмет за време на протестот за случајот „Монструм“.  МВР соопшти дека во полициската станица Бит пазар вчера околу 17.30 часот Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со […]