Расте бројот новозаразени – денеска 721 случај, 171 оздравени и седум починати


Фото: Б. Грданоски
Регистрирани се 721 нов случаj на Ковид-19 во изминатите 24 часа од 3.816 тестирања,  соопшти Министерството за здравство.
 
Од нив, 334 се во Скопје, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – девет, Кичево и Делчево по осум, Крушево – седум, Штип – шест,  Кочани и Ресен по пет,  Свети Николе – три, Дебар, Пробиштип,  Виница, Валандово и Кратово по два случаја и по еден во Берово, Демир Хисар и Пехчево.
 
Пријавени се седум починати лица – двајца пациенти од Скопје (68 и 81 година) и по еден пациент од Тетово (49), Прилеп  (73), Струмица (76), Кочани (72) и Делчево (43). Сите се починати во болнички услови.
 
Регистрирани се и 171 оздравен пациент – Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – шест, Кочани – пет, Гевгелија  и Битола – по четири, Штип, Струмица и Неготино  – по тројца, Гостивар и Кратово – по двајца оздравени и по еден во Ресен, Охрид, Делчево и Валандово.
 
Бројот на активни случаи во земјава е 8290, од кои во  Скопје се 3681. Трицифрен број активни имаат: Прилеп – 641, Кавадарци – 591, Охрид – 426, Тетово –  277, Велес –  270, Куманово – 264, Неготино – 214, Делчево  – 190, Битола – 187, Гевгелија –  183, Струга -182,  Струмица – 180,  Гостивар – 149 и Штип – 125.
 
Бројот на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 102.482 од 519.985 направени тестирања. Оздравени се  91.066, а починаа 3.126 пациенти.