Во БиХ раст на бројот заразени – денеска повеќе од 700


 

Во Босна и Херцеговина во саботата се регистрирани повеќе од 700 нови случаи со корона вирус, што потврди дека во таа земја повторно почнува да се шири вирусот по тринеделна стабилна епидемиолошка состојба.

Заводите за јавно здравство од ентитетите пријавија 510 новозаразени во Федерацијата, 192 нови во Република Српска, а имаат и 17 починати.

До средината на неделата бројот на новозаразени во БиХ беше под 500, а во четвртокот скокна на повеќе од 700, а тоа се повтори денеска.

Шефицата на Клиничкиот центар во Сараево смета дека ова би можело да биде натешок бран на епидемијата досега.

Себија Изетбеговиќ предупреди дека состојбата значително се комплицира поради појавата на новите соеви и дека тоа може да е вовоед во нов, трет бран.

„Третиот бран на корона вирус би можел да е најтежок досега, со оглед на тоа дека забележана е мутација на вирусот… а пациентите имаат многу потешки клинички слики“, вели Изетбеговиќ.

Здравствените власти предупредија дека за ширењето на заразата значително придонесува неодговорното однесување на луѓето кои не ги почитувата пропишаните мерки.

Инспекциските служби добија налог да спречат поголеми собири и да ги казнуваат оние кои ен носат заштитни маски и на отворено.

Засега нема најава за заострување на мерките, а угостителските објекти може да работат до 22 часот.

Во БиХ не е почната вакцинацијата затоа што немаат вакцини од Ковакс системот, а властите се обидуваат директно да преговараат со производителот.