Непрекината серија земјотреси крај Рејкјавик, најсилниот 5,2 степени


 

Непрекината серија земјотреси минатите денови во близина на исландскиот главен град Рејкјавик резултира со уште еден, посилен земјотрес.

Според податоците на метеоролошката агенција Ведурстофа, еден од стотината потреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од Рејкјавик, утрово бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер.

По овој потрес следеле уште дваесетина други со магнитуда посилна од 3 степени.

По земјотресот од 5,7 степени, што се случи вос редата, денешниот со јачина од 5,2 е најсилен во цуклусот потреси. Минатите денови на тоа подрачје забележани се повеќе од 6.000 потреси/

Бидејќи североатланскиот остров се наоѓа на низа раседи, потресите не се ретки, но траењето и јачината на последниве не се вообичаени.

Сеизмолозите се сомневаат дека овојпат не станува збор за повеќе мали потреси и повеќе умали удари, туку дека се работи за неколку големи потреси одеднаш.

Досега никој не е потешко повредени и засега не настанала поголема штета.

Но, шефот на исландсската цивилна заштита ги повика Исланѓаните на претпазливост.