Пендаровски за пописот: Може да не се признаат резултатите од пописот, но да се бојкотира – не


Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА . -Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не […]

Катастрофа во Бразил: Умреа сите пациенти на едно одделение


  Гувернерот на најголемата бразилска држава Амазонас Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за се поголемиот број смртни случаи од корона вирус. Тој рече дека цело едно болничко крило пациенти починале откако снемало кислород за респираторите, јави Гардијан. Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро. Манаус е најголем град во […]

„Жалам, пробајте во куќата на Обама“: На Тајната служба ѝ било забрането да ги користи тоалетите на Иванка Трамп


Членовите на Тајната служба биле принудени да користат „тоифор“ тоалети  или да одат кај соседите сè додека владата не им изнајми стан   Деновите на умирање на администрацијата на Трамп беа зафатени со уште поголем скандал во форма на немири, забрани на Твитер и импичмент. Сега „Вашингтон пост“ додаде уште една: скандалот со тоалети. Во […]

Грчкиот Парламент го изгласа законот за набавка на 18 воени авиони од Франција


Со широко мнозинство и поддршка од владеачката Нова демократија и опозициските партии СИРИЗА, Движење за промена и Грчко решение, грчкиот Парламент го изгласа предлог законот за набавка на 18 воени авиони „Рафал“ од Франција , јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос, во неговиот говор од парламентарната говорница ги […]

ФБИ уапси повеќе од сто луѓе по упадот во Конгресот


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) приведе над сто луѓе за време на минатонеделниот упад во Конгресот и сега ги испитува поединците кои би можеле да ја загрозат безбедноста при инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари. – Ги проверуваме поединците кои би можеле да имаат план да го повторат насилството од минатата недела, […]

Унгарија ќе набави вакцини против Ковид-19 од кинеската компанија Синофарм


Владата на Унгарија соопшти дека вчера постигнала договор со кинеската компанија Синофарм за купување на вакцини против Ковид-19. Унгарија е прва земја-членка на Европска Унија која ја одобри вакцината на Синофарм. Владата на Унгарија ја критикуваше ЕУ поради пребавното купување и дистрибуција на вакцините, истакнувајќи дека поради тоа е загрозена економската обнова на земјата. Шефот […]

Од безбедносни причини за еден ден одложена пробата на инаугурацијата на Бајден


Пробата зa инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, закажана за в недела, ќе биде одложена од безбедносни причини, соопшти порталот Политико, повикувајќи се на извори запознати со одлуката. Британските медиуми, пренесувајќи ги изворите на Политико, јавуваат дека пробата е одложена за в понеделник, а тимот на Бајден, исто така, го откажа патувањето на новиот […]

Битола ја подига свеста за читање: „Направи Selfie со твојата омилена книга”


Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга”. Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката   – Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги […]

Унифицирани протоколи за работа, но не и ограничување на работното време, бараат угостителите


Независната угостителска комора бара унифицирани протоколи и препораки за работа во услови на пандемија, но не се согласува со ограничувањето на работното време. Во денешното соопштение од Комората се наведува дека секоја одлука и измени на Одлуката за превентивни препораки за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работното време на угостителските објекти […]

Најмалку 34 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Индонезија


Во земјотресот со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези загинаа најмалку 34  луѓе, а околу 600 се повредени. Поради силниот земјотрес околу 2.000 луѓе од провинцијата Западно Сулавеси беа принудени да ги напуштат домовите. Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од […]

Децата и коронавирусот: Што покажуваат последните истражувања?


До неодамна се сметаше дека децата ретко се заразуваат со коронавирус и не можат да го шират. Најновите истражувања покажаа дека тоа не е сосема точно. Што да се прави со училишните активности во контекст на пандемијата на коронавирусот: да продолжат да ги реализираат на Интернет или да ги враќаат учениците во училниците? Ова прашање […]

Клучот од занданата во која починал Наполеон, продаден за 92.000 евра


Клуч од занданата во која починал Наполеон Први Бонапарта, додека бил во заточеништво на британскиот остров Света Елена, е продаден на аукција во Лондон за 81.900 фунти (92.000 евра). Како што објави аукциската куќа „Сотби“ во Лондон, парчето метал долго 13 сантиметри, а старо над два века, беше продадено за многу повисока цена од првичната проценка […]

Укината забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар


Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правци, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“. Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила. Од утринава е нормализиран и сообраќајот на патните правци Велес-Прилеп и Стража-Кичево.

Утринските температури во цела држава под нула, освен во Гевгелија


Во целата држава утринава се измерени температури под нулата, освен во Гевгелија каде температурата е два степена над нулата. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране […]

Марселињо: Секогаш е убаво да се победи Реал


Тренерот на Атлетик Билбао, Марселињо Торал ги сподели своите емоции по триумфот (2:1) над Реал Мадрид синоќа во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. – Големи емоции, да се победи Реал е секогаш задоволство. Фудбалерите покажаа одлична концентрација и кохезија. Јас сум многу задоволен. Атлетик нема победа на 11 натпревари против Реал Мадрид. Драго ми е што […]

Словенечката Влада одобри дел од средствата за непречена работа на агенцијата СТА


Словенечката Влада вчера одобри одредени средства што според законот е должна да и ги исплаќа на националната новинска агенција СТА, по бројните интервенции и изразување поддршка од земјата и светот до новинарите на агенцијата, за да можат да продолжат да работат. Според Канцеларијата за комуникации (УКОМ), Владата донела ваква одлука откако на нејзиното писмо до […]

Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме на карневалот во Вевчани


Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија […]

Почина поранешниот личен лекар на Трамп


На 73-годишна возраст почина Харолд Борнштајн, поранешниот личен лекар на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп. Веста за неговата смрт е објавена денеска во делот за некролози на весникот „Њујорк Тајмс“. Причината за смртта не се наведува, но е нагласено дека тој починал минатиот петок, пишува Си-Ен-Ен. „Мажот полн љубов го надживеаја сопругата Мелиса (Браун), […]

Инаугурацијата на Бајден ќе ја обезбедуваат 26.000 припадници на Националната гарда


Бројот на припадници на Националната гарада на САД, кои ќе и помага на полицијата во Вашингтон на инаугирацијата на избраниот претседател Џо Бајден ќе биде зголемен на 26.000, изјави неименуван американски претставник.   Првично беше најавено дека ќе бидат ангажирани 20.000 припадници на Националната гарда, но нивниот број е зголемен по дополнителните барања од безбедносните […]

Северна Кореја на воена парада ја претстави ракетата „Пукгуксонг-5“- „најмоќното оружје на светот“


Северна Кореја на вчерашната воена вежба во Пјонгјанг го претстави новиот вид балистичка ракета што се лансира од подморница (СЛБМ), наведуваат безбедносни експерти. Парадата се одржа вчера на плоштадот Ким Ил-сунг, откако во вторникот Пјонгјанг го заврши својот осумдневен конгрес на владејачката Работничка партија, на кој лидерот Ким Џонг -ун вети дека ќе го зајакне […]