ФБИ уапси повеќе од сто луѓе по упадот во Конгресот


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) приведе над сто луѓе за време на минатонеделниот упад во Конгресот и сега ги испитува поединците кои би можеле да ја загрозат безбедноста при инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари.

– Ги проверуваме поединците кои би можеле да имаат план да го повторат насилството од минатата недела, изјави директорот на ФБИ, Критсофер Вреј.

Тој додаде дека од 5 јануари идентификувале повеќе од 200 осомничени.Значи, знаеме кои сте, ако сте тука, агентите на ФБИ ќе Ве пронајдат, посочи Вреј.