Во Хрватска нови 715 заразени, починаа 33 лица


  Во последните 24 часа забележани се 715 новозаразени со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 4.653. Од нив 1.855 пациенти се на болничко лекување, од кои 160 на респиратор. Починаа 33 лица или вкупно досега 4.550. До денеска во Хрватска зе забележани 223.812 заразени, а оздравеа 214.609 […]

Деспотовски незадоволен од платите во зоните – нема субвенции повеќе


Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите. – […]

За „27 април“: Ристовски и Јанакиески не организираа партиски членови за учество на протестите, велат сведоците


За време на протестите на „За заедничка Македонија“ обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески немале никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ниту организирале партиски членови да учествуваат на овие протести, кажаа повеќе сведоци предложени од одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров Сокол […]

Партијата Твоја бара од Заев да го разреши вицепремиерот Груби


Собирот и роденденската прослава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во новите простории на Министерството за политички систем ја поттикнаа вонпарламентарната партија Твоја преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев да побара разрешување на вицепремиерот Артан Груби. Партијата наведува неколку точки со кои се прекршени повеќе закони во своето барање: Законот за Влада (член 13), […]

Еден месец карантин ја чини Грција околу три милијарди евра


Еден месец „lockdown“ чини околу три милијарди евра, а можеби и повеќе, рече портпаролот на грчката Влада  Христос Тарандилис, објаснувајќи дека сите одлуки што ќе се донесат за одново отворање на малопродажбата во земјата ќе бидат врз основа на препораките од надлежната Комисија на епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина. Грција веќе над два […]

Пукање во Загреб, двајца ранети


  Рано утрово во Загреб дошло до пукање во кое се ранети две лица. Пукотницата се случила близу до криминалистичката полиција. Според првичните информации тројца, двајца мажи и жена, се паркирале на местото, а им пришле непознати лица и пукале во нив. Ранети маж и жена. Тие се пренесени во болница, а местото е оградено […]

Царовска на средба со СОНК: Синдикатот е наш важен партнер, заедно ќе ги спроведеме реформите


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК и неговиот претседател Јаким Неделков, на која разговараа за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција. Како што соопшти МОН, претставниците на СОНК и министерката се согласија дека реформите во образованието […]

Француски возач загина на релито Дакар


Францускиот мотоциклист Пјер Шерпен почина пет дена откако падна за време на седмата етапа на релито Дакар, соопштија организаторите во петокот. Овој 52-годишник, кој учествуваше на неговото четврто рели Дакар, беше подложен на неврохируршка интервенција и беше ставен во медицинска кома по несреќата во Саудиска Арабија. „За време на неговиот трансфер со медицински авион од […]

Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“


Во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ од понеделник пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека тие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите. Во трите поликлиники, како што посочија, од следната […]

Османи верува дека Атина ќе не поддржува во ЕУ


Акцент во разговорите со Бугарија ќе се стави на Акцискиот план, на соработката помеѓу секторите и помеѓу линиските министерства, со цел да се создаде амбиент кој во овој период делумно е нарушен, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју од Атина. – Ако ставиме фокус на тој Акциски план ќе создадеме предуслови за решавање […]

Спасовски за Вевчани: Сакаа инцидент и сензационалност


    Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завчерашната интервенција на полицијата за спречување на одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19. „Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам […]

ЦГК: Државните претпријатија имаат повеќе долгови отколку капитал


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објави финансиска анализа на работењето на државните претпријатија за периодот 2015 -2019 година и база на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата.Предмет на финансиската анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа. Станува збор за претпријатија чиишто вкупни приходи во 2019 […]

Од диви депонии во Скопје лани отстранети над 9.000 метри кубни отпад


   Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изминатите 12 месеци собрале и транспортирале вкупно 158.476 тони комунален отпад, што е за 4.713 тони или 3.07 проценти повеќе во однос на 2019 година. ЈПКХС денеска во отчет за 2020 информира дека службите секојдневно ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини […]

Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани


Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскот карневал. – Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, стои на фејсбук профилот на шефот на државата. Осуда за чинот на палењето на бугарското […]

Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април


 Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. На денешното рочиште повикани се повеќе сведоци, меѓу кои поранешните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски, Тони Трајковски и Ивица Коневски, како и екс […]

Што откриваат документите на ЦИА за НЛО


Веб-страницата The Black Vault објавува јавно достапни, но документи од американските власти до кои тешко се стига. Нивното последно откритие е ЦД РОМ со податоци на ЦИА за неидентификувани летечки предмети (НЛО) што оваа разузнавачка агенција мораше да ги декласифицира и да им ги обезбеди заради судски постапки и официјални барања. Сопственикот на страницата, Џон […]

Даштевски: Јас сум најнепартиски човек кој е на чело на ДИК


Во рамки на свечената изјава во Собранието, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, зборуваше во името на целиот состав. „Помина уште еден чин кој беше потребен да се формира комисијата. Со колегите се договоривме од понеделник да одиме во ДИК и да видиме каква е состојбата, па оттаму да знаеме кои ќе бидат нашите […]

Ноќеска девет земјотреси околу Петриња


  Ноќеска, во 2.50 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа потрес со епицентар 11 км западно-северозападно од Петриња. Магнитутада била 3,1 степен според Рихетр, а IV степен по ЕМС скалата. „Добро се слушаше, затресе еднаш кратко“, сведочат жители на Сисак. Потресот бил почувствуван и во Велика Горица и Долни Ступник. „Велика Горица се […]

Демарш за палењето на бугарското знаме во Вевчани, осуда и од Пендаровски и од МНР


Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. „По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му […]