Партијата Твоја бара од Заев да го разреши вицепремиерот Груби


Собирот и роденденската прослава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во новите простории на Министерството за политички систем ја поттикнаа вонпарламентарната партија Твоја преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев да побара разрешување на вицепремиерот Артан Груби. Партијата наведува неколку точки со кои се прекршени повеќе закони во своето барање: Законот за Влада (член 13), Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 3 и 49), Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата (член 4, 5, 6, 11, 18 и 23), Протоколот за превентивните мерки во врска со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид19 и Член 206 од Кривичниот законик.

„Во услови на пандемија, однесувањето на високите функционери во власта претставува еден од најмоќните орудија на промоција и диссеменирање на препораките на здравствените власти и нивниот пример создава услови било за поголемо почитување на овие мерки било за нивно обезвреднување.

На светско и посебно на европско ниво, политичката и моралната одговорност на високите функционери се сфаќа многу сериозно и претставува дел од вообичаеното однесување и постапување на оние кои се на власт“, наведува во писмото Твоја партија.