Формирано здружение за обнова на „Глобал“ во Струмица


За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение. Додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за […]

Бајден на Твитер започна од нула, без следбениците на Трамп


Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер, но беше принуден да го активира со нула следбеници. Кампањата на Бајден е незадоволна од тој потег, што означува промена од претходниот трансфер на власта од Барак Обама на Доналд Трамп, јави Би-Би-Си. Новиот налог – @PresElectBiden, ќе се трансформира […]

Саркози добил милиони од Русија, покрената истрага


 Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага за злоупотреба на функцијата во рамки на консултантски активности во Русија на поранешниот француски претседател Никола Саркози, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата. Од ПНФ потврдиле дека почнала истрага за злоупотреба на положбата, но и поради криминал и други прекршоци. Антикорупцискиот суд се занимава со […]

ЕК е за воведување европска потврда за вакцинација


ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот корона вирус што би била „взаемно призната“. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во изјава за португалски медиуми пред нејзината посета на Лисабон денеска, таа нагласи дека „медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер […]

Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.399 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа седум од лицата заразени од корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.659 тестови со методот РТ-ПЦР (205.352 […]

Од „Вог“ во „Ролинг Стоун“: Ѝ тргна на Дуа Липа


САД– Насловницата на февруарското издание на престижниот музички магазин „Ролинг Стоун“ ја краси Дуа Липа. Поп-ѕвездата со косовско потекло, овој месец ја красеше насловницата на британскиот „Вог“. Фотографирана од Дејв Лашапел, поп-ѕвездата се појавува низ целиот број на магазинот во низа модни изгледи од високата мода како Марк Џејкобс, Пако Рабан и Тиери Муглер. Во […]

Падна владата на Холандија, два месеци пред изборите


Четирите коалициски партии кои ја формираат холандската влада на премиерот Марк Руте, во петокот (15 јануари) се согласија да ја остават владата да падне. Парламентарните избори во Холандија треба да се одржат за два месеци, на 17 март. Во петокот Руте требаше да се сретне со холандскиот крал за да му понуди оставка – иако […]

Меланија не и помага на Џил пред инаугурацијата. Како Мишел комуницираше со Меланија?


САД- Според новиот извештај на Си-Ен-Ен, Меланија Трамп не ѝ посакува уште добредојде на Џил Бајден во Белата куќа. Г-ѓа Трамп „нема основано канцеларија за продолжување на нејзината платформа во годините по Белата куќа, според извор запознат со нејзините активности. Ниту, пак, таа ѝ помогна на првата дама Џил Бајден во однос на должностите – […]

Од недела поголем дел од Италија во портокалова зона поради Ковид-19


 – Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска треба да потпише указ со кој поголемиот дел од државата ќе се најде во портокаловата зона на ризик од инфекција со вирусот Ковид-19, а полицискиот час од 22 до 5 часот наутро останува во сила. Во црвената зона ќе биде Ломбардија, регионот најпогоден од првиот бран на […]

Уште еден земјотрес во Петриња со јачина од 4,1 степен по Рихтер


  Петриња денеска околу 13 часот беше погодена од уште еден посилен земјотрес, со јачина од 4,1 степен според Рихтер, јави ЕМСЦ. Земјотресот се почувствувал и во Загреб, пишуваат хрватските медиуми. Тресењето траело пет секунди. Во текот на изминатата ноќ во Петриња беа почувствувани девет земјотреси, од кои најсилниот беше 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со 400 – 500 амандмани


Законското решение за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години е во собраниска процедура, но блокирано со 400 – 500 амандмани од опозицијата, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата, Шахпаска ги повика пратениците и од власта и од опозицијата да […]

„Катимерини“: Брз развој на односите на Грција со Северна Македонија


Влијателниот грчки весник „Катимерини“ во денешното издание наведува дека посетата на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на Атина го истакнала брзиот развој на односите меѓу двете земји. „Посетата на Османи на Атина се случи додека односите со Скопје изгледа дека брзо се развиваат. Пред неколку дена, офицерите на грчките вооружени сили беа во […]

Царовска: Има страв од концепцијата, ќе продолжиме со дебати за да се расчистат дилемите


Откако ќе заврши рокот за коментари (20 јануари) за Нацрт-концепцијата по електронска пошта до МОН, ќе продолжат усните дебати со сите засегнати во процесот за да се расчистат дилемите кои намерно или ненамерно беа наметнати во јавноста. МОН и работната група што ја направи концепцијата ќе ги земе предвид конструктивните коментари и во наредниот период […]

Ангеловски: МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани


МВР работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Република Бугарија во Вевчани, истакна на денешната прес-конференција во Штип портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. – Да, за жал имавме таков немил  настан. Ние работиме на целосно расчистување на тој случај и очекуваме наскоро да биде расчистен, вели Ангеловски. По палењето на бугарското знаме на […]

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април продолжува на 28 јануари


Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 28 јануари 2021 година, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски. На денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои во 2016 година биле членови на месни, Централниот или Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а кои […]

ЦДУ го бира наследникот на Меркел. Ќе го избере ли човекот кој веќе ја дели партијата


На конгресот што почна денес адвокатот на милионерите, Фридрих Мерц, има најголеми шанси да ја наследи Ангела Меркел. Тој веќе длабоко ја подели партијата поради неговите цврсти конзервативни ставови и враќање кон тврдиот неолиберализам   Кога Ангела Меркел ќе се повлече од функцијата канцелар овој септември, таа ќе ја остави зад себе конзервативната партија која […]

Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапна за увид и коментари


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) врз основа на доставената Студија, изработи Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел. – Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на […]

Само 10.000 од 170 илјади земјоделци електронски аплицирале за субвенции


Минатата година само 10.000 земјоделци електронски аплицирале за субвенции, а според статистичките податоци, во земјава има околу 170.000 земјоделски стопанства. Земјоделците многу тешко или воопшто не се прилагодиле и на новите услови што ги наметна пандемијата, да се комуницира онлајн, преку интернет. Дали сите имаат компјутери, смарт телефони и пристап до интернет, отвориле ли е-меил […]

Царовска: Реформите не се поради надворешно политичко прашање


Ниту се размислувало ниту се размислува за укинување на групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет, тоа е пострашно политизирање дури и од укинувањето на предметот историја, оцени денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа по денешниот состанок со претставниците на Управниот одбор на ЗЕЛС во одговор на прашање за реакција на професорката […]

Еко линија за пријавување електричен и електронски отпад


 Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од него преку еко линијата 070/236 000, која е отворена секој ден, информираа денеска од ДОО Нула отпад. Оттаму апелираат граѓаните да се охрабрат и да ја користат еко линијата која, потенцираат, е безбеден и бесплатен сервис за […]