Уште еден земјотрес во Петриња со јачина од 4,1 степен по Рихтер
Петриња денеска околу 13 часот беше погодена од уште еден посилен земјотрес, со јачина од 4,1 степен според Рихтер, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се почувствувал и во Загреб, пишуваат хрватските медиуми.
Тресењето траело пет секунди.
Во текот на изминатата ноќ во Петриња беа почувствувани девет земјотреси, од кои најсилниот беше 3,1 степен според Рихтеровата скала.