Захарова се согласува со Помпео за влошените односи меѓу Русија и САД


Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова се согласи со изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон не е подобрен во последните четири години. – Непријателските и деструктивни чекори преземени од САД за продлабочување на кризата во билатералните односи вклучуваа воведување на разни антируски санкции и де […]

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Гватемала


  Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди денеска главниот град на Гватемала. Земјотресот, кој траеше подолго време, ги тресеше зградите. Засега нема информации за евентуални жртви или оштетувања. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот бил крај брегот на Пацификот, на 4,7 километри југозападно од Чамперика, на длабочина од 10 километри.

По земјотресот во Индонезија се стравува од цунами, 42 загинаа


  Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер што денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија загинаа најмалку 42 лица, а стотина се повредени, а метеоролошката агенција на земјата предупреди дека има ризик од дополнителни потреси, кои може да предизвикаат и цунами. Силниот земјотрес на шест километри североисточно од градот Мајен, на релативно […]

Разголена на фотографиите, протестира за неправдите: Џеј Ло се кажа во ELLE


САД– Актеркатга и пејачка Џенифер Лопез (51) е горда на „проникливиот“ син што го одгледува. Ѕвездата на „Хастлерс“, проговори за ELLE во врска со користењето на нејзината платформа за достојни цели, додека позираше за насловната страница на списанието за февруарското издание. Лопез – која е мајка на 12-годишни близнаци, синот Максимилијан „Макс“ Дејвид и ќерката […]

Пандемијата зеде два милиони животи досега


Официјалниот глобален број на жртви од пандемија на коронавирус денеска надмина два милиони, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“. Трагичната пресвртница пристигна пред нешто повеќе од една година откако за прв пат беше забележана првата смрт на Ковид-19 во Вухан, Кина. Иако бројката од два милиони е застрашувачка, експертите велат дека вистинскиот број на починати е многу […]

СЗО: Можеби никогаш нема да го најдеме нулта пациентот


 Светот можеби никогаш нема да најде „нула пациентот“ во потрагата по потеклото на Ковид-19, изјави денеска Марија Ван Керхове, техничката шефица на Светската здравствена организација за оваа болест. Тимот на СЗО што го истражува потеклото на Ковид-19 треба да одржи виртуелни состаноци со своите кинески домаќини во Вухан, каде прво се појави пандемијата пред повеќе […]

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе


Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави денеска шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум Гајдар. Извршната директорка на ММФ не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите […]

Милион вакцини од Кина за Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе дочека авион на „Ер Србија’ со кој од Кина ќе бидат донесени милион дози вакцини од компанијата „Синофарм“. Како што соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот, тој треба да го пречека авионот на аеродромот „НИкола Тесла“ нешто пред 10 часот. Во Србија веќе почна вакцинацијата и […]

Се отвораат продавниците во Грција, а се задржува забраната за движење и полицискиот час


Олабавување на мерките во Грција, со отворање на сите продавници и моловите, козметичките и фризерските салони, берберниците, центрите за техничка контрола на возила, но под строги услови соопшти министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис, а паралелно во земјата продолжуваат да бидат во сила полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и […]

Маричиќ: Подготвени сме за модерен попис – политиката подалеку од статистичката операција


Државата е подготвена за спроведување на пописот според највисоките светски и стандардите на Еуростат. Сè што се прави за пописот е според стандардите на Еуростат и е вградено во Законот за попис, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. – Најдобар доказ дека пописот ќе биде валидна статистичка операција е тоа што ќе биде спроведен според […]

Собранието ја заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително


Собранието попладнево по три дена ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој по 19 години земјава годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција. По Предлог законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано. Во обраќањето пред завршувањето […]

Уште 403 новозаразени, починаа 10, а оздравеа 339 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 165 -Куманово 30 -Дебар 9 -Штип 4 -Прилеп 10 -Тетово 14 -Струга 11 -Велес 25 -Битола 10 -Охрид 19 -Кавадарци 22 -Гостивар 11 -Гевгелија 8 -Струмица 13 -Радовиш 3 -Крушево 4 -Кочани 14 -Пробиштип 1 -Демир Хисар […]

„Фајзер“ најави доцнење на вакцините за ЕУ, државите загрижени


Министрите за здравство на шест држави од ЕУ изразија „сериозна загриженост“ за доцнењето во испораката на вакцината Фајзер / БиоНТех против новиот корона вирус. Министрите на Данска, Естонија, Финска, Литванија, Латвија и Шведска преку писмо ја осудија денеска таа „неприфатлива“ ситуација што го доведува во прашање „кредибилитетот на процесот на вакцинирање“. Американската лабораторија Фајзер предупреди […]

Зголемен бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 во Британија


 Во Велика Британија беа потврдени 55.761 нови случаи на зараза со корона вирусот во изминатите 24 часа, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 48.682. Пријавени се повеќе смртни случаи, 1.280 во споредба со 1.248 вчера. Според владините податоци, бројот на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина за Ковид-19 се […]

УХМР: Утре и задутре облачно со ветер и снег во јужните и северните делови


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1 степен, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во […]

(Фото) Што остана од „Глобал“ по пожарот


Пепел, мирис на изгорено, црнило, вода, слики како од апокалиптични филмови, можат да се видат и два дена по расчистувањето на остатоците на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, кој избувна на 2 јануари годинава и пеплоса поголем дел од овој објект. Денес сликата од „Глобал“ е „пожива“, бидејќи повеќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ […]

Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница


Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за […]

Норвешка им препушта на лекарите да одлучат кој ќе прими вакцина против Ковид-19


Норвешките власти оставија на лекарите да одлучат кој треба да се вакцинира против Ковид-19. Норвешката агенција за лекови вчера соопшти дека вкупно 29 лица имале несакани ефекти, од кои 13 биле фатални, а сите смртни случаи се пациенти во домови за стари лица, сите постари од 80 години. Агенцијата ги наведе треската и гадењето како […]

Годинава над два милијарди денари за Оперативниот план за вработување


Користејќи ги искуствата од реализацијата на Оперативниот план за вработување во 2020 година во однос на мерките кои беа најатрактивни и за кои се покажа најголем интерес, го креиравме оперативниот план за 2021 година во износ од над две милијарди денари, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Министерството, како […]

Повеќе од 150.000 отпечатоци од прсти, ДНК и досиеја за апсења се избришани од базата на податоци на британската полиција


Повеќе од 150.000 отпечатоци од прсти, ДНК и досиеја за апсења се избришани од базата на податоци на британската полиција, објавија медиумите на островот. Грешката, што се случила за време на стандардното „чистење“, може да доведе до ослободување на криминалци, бидејќи биометриските докази веќе не се достапни за националниот полициски компјутер. Информациите за осомничени исто […]