Армин Лашет избран за наследник на Меркел на чело на ЦДУ


Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, е избран за нов лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на онлајн-конгресот што се одржуваше вчера и денеска. Лашет го победи во вториот круг Фридрих Мерц освојувајќи 521 глас. Мерц доби 466 гласови. Претходно во првиот круг во водство беше корпоративниот адвокат Мерц, кој освои 385 гласови; […]

Шест земји од ЕУ гневни на Брисел за доцнењето на вакцината на „Фајзер“


Шест балтички и нордиски министри за здравство апелираат до комесарот за здравство, Стела Киријакидес, да побара „Фајзер“ да објасни зошто испораките на вакцините за корона вирус ќе бидат „значително намалени во следните недели“. На некои земји им беше кажано дека испораките ќе бидат намалени до 8 февруари, додека на другите земји не им беше кажано […]

Почна сезоната за скијање на Пелистер, викендов гратис


Почнува ски сезоната на Пелистер, како во ски центарот Нижеполе така и Копанки. Овој викенд ски лифтот и жичарницата ќе бидат бесплатно. ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски-центарот Нижеполе информира дека од денеска ќе започне пробно скијање на патеката, а утре ќе  има промотивно скијање. „Ги очекуваме сите љубители на скијањето, значи двата дена од […]

Убавините на Струга инспирација за уметницата Лида од Малта


Првите 48 часа биле пресудни за уметницата Лида Шерафатманд од Малта да донесе одлука да се пресели во Струга. Инспирирана од природните убавини, Езерото, лебедите, планините…, токму од Струга ги слика најубавите дела, кои завршуваат како поштенски марки во Лихтенштајн и Кина. Ја сака Струга. Се грижи за природата, а неодамна покрена иницијатива за доделување […]

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети


Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил. Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од […]

Избори во Бугарија: Има повеќе прашања отколку одговори


Претседателот Радев ги помести изборите за една недела од најавениот датум. Партиите, и оние од власта, и оние од опозицијата, и оние што не се во парламентот, не се побунија премногу. Главното прашање не е кој ќе победи на изборите, туку како да се организира гласањето кога токму во тоа време се очекува нов бран […]

Килограмите не му пречат – еве кој е ѕвезда на ракометниот мундијал во Египет


Дали е ова ракометар или борач? Погледнете кој беше главна појава на Светското првенство во ракомет на натпреварот меѓу Аргентина и Демократска Република Конго кои се сретнаа во првото коло од групата Д   Петокот на Светското првенство во ракомет во Египет го одбележа човек кој, благо речено, го изненади целиот свет со својата појава. […]

Пендаровски: Две лица не го поминаа ветингот на НАТО


Повеќе од половина од лицата кои се подложени на реветинг процесот, кој се спроведува согласно НАТО стандардите за сите оние кои имаат допир со НАТО класифицирани информации досега го поминале тестот. Процесот се уште трае, на проверки се подложени околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони. Досега само за двајца има негативни […]

Роналдо ќе потпише нов договор со Јувентус


Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Јувентус, што му истекува во јуни 2022 година, објавија италијанските медиуми. Според истите извори, раководството на италијанскиот првак ќе му понуди на Роналдо продолжување на соработката најмалку за уште една година. Преговорите за продолжување на соработката ќе почнат наскоро и се очекува да резултираат со договор, бидејќи и […]

Трет месец по ред пад на малопродажбата во САД


Малопродажбата во САД трет месец по ред бележи пад, а епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 негативно влијаат врз американската економија. Според американското Министерство за економија, малопродажбата во декември 2020 година забележала пад од 0,7 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година. Малопродажбата беше намалена и во октомври и во ноември минатата […]

Три години по убиството на Ивановиќ не се пронајдени сторителите


Лидерот на Граѓанската иницијатива (ГИ) Слобода, демократија, правда (СДП) Оливер Ивановиќ е убиен на денешен ден пред три години во северниот дел на Косовска Митровица. Во него беше пукано пред канцеларијата на ГИ СДП од возило во движење. Специјалното обвинителство во Косово подигна обвиненија против шест лица за вмешаност во убиството на Ивановиќ, а издаден […]

Пендаровски: Бугарскиот акциски план ги содржи старите позиции на Софија


Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Северна Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции, вели претседателот на Република Северна Македонија во интервју за МИА. Со претседателот меѓудругото разговаравме за содржината на она што Бугарија ни го […]

Американскиот министер за здравство Азар поднесе оставка


Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар синоќа поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз Конгресот бил напад врз демократијата и оти „би можел да го оцрни наследството на администарцијата“ на Трамп. Азар во оставката поднесена на 12 јануари до претседателот во заминување Доналд Трамп ги наведе и успесите на администрацијата, меѓу кои […]

ЕУ: Целта на новиот шеф на ЦИА е преку зајакнување одвнатре да ја засили светската улога на САД


Идниот шеф на ЦИА, Вилијам Бернс, совршено се вклопува во визијата на новата влада во Вашингтон дека САД мора прво да се обноват, закрепнат и економски, и социјално, и политички, и демократски, за потоа да можат да го вратат водечкото влијание и улога во светот, но и натаму остануваат непознаниците за суштината на новото сојузништво […]

Нападот врз американскиот Капитол – шокантно искуство слично со македонската траума од 27 април 2017 година


Една од најстарите и најмоќни републики сега ја споделува посраменоста од еден насилен и неуспешен државен удар, со една мала балканска земја. Но, има две важни разлики меѓу двата инциденти: ниту еден македонски политичар нема да дојде во Вашингтон и да ги учи Американците на демократија, како што американските политичари тоа успешно го направија во […]

„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна


Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи на работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Како што соопшти компанијата, во оваа фаза 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради […]

Објавена електронска верзија на охридскиот „Рибарски алманах“


Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот „Лихнидос“ изготвија дигитална верзија на интересен архивски материјал под насловот „Рибарски алманах“. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското Езеро за периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во земјата. Преку оваа дигитална верзија документот со ретки колекции […]

Сообраќајот умерен, снег на повисоките места и во јужните и западните делови на земјата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег паѓа на Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, […]

Дутерте: Работата претседател не е за жени


  Филипинскиот лидер Родриго Дутерте изјави дека работата претседател не е за жени заради нивните емоционални разлики со мажите. Така ги отфрли шпекулациите дека неговата ќерка ќе го наследи следната година. „Мојата ќерка не се кандидира. Ѝ реков на Индаи да не се кандидира, затоа што ја сожалувам, знаејќи дека ќе мора да помине низ […]

С. Македонија, Црна Гора и Албанија ѝ воведоа санкции на Белорусија


Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ. „Земјите-кандидати: Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд и Норвешка, кои се дел од Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот (за санкции)“, се вели во соопштението. Исто така, се забележува дека по […]