Килограмите не му пречат – еве кој е ѕвезда на ракометниот мундијал во Египет


Дали е ова ракометар или борач? Погледнете кој беше главна појава на Светското првенство во ракомет на натпреварот меѓу Аргентина и Демократска Република Конго кои се сретнаа во првото коло од групата Д

 

Петокот на Светското првенство во ракомет во Египет го одбележа човек кој, благо речено, го изненади целиот свет со својата појава.

Готје Мвумби Тиери, пивотот на Демократска Република Конго, се појави на теренот на натпреварот против Аргентина со неколку десетици килограми вишок.

Мвумби Тиери игра за францускиот второлигаш Дреу АЦ и според нивните официјални податоци, тој е висок 192 сантиметри и тежок 110 килограми.

За висината, склони сме да веруваме, но тежината се чини дека не е ажурирана подолго време, бидејќи Мвумби Тиери изгледа како да тежи 140 или 150 килограми.

Неговиот корпулентен изглед не го спречи да им даде четири гола на Аргентинците. На крајот, тоа не беше доволно за да се избегне пораз, Гаучосите славеа со 28:22, но за Демократска Република Конго тоа беше поднослив пораз на нивниот прв настап на светските шампионати …