Милион вакцини од Кина за Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе дочека авион на „Ер Србија’ со кој од Кина ќе бидат донесени милион дози вакцини од компанијата „Синофарм“.

Како што соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот, тој треба да го пречека авионот на аеродромот „НИкола Тесла“ нешто пред 10 часот.

Во Србија веќе почна вакцинацијата и тоа со две вакцини: онаа на „Фајзер/Бионтек“ и руската „спутник V“. Од утре на располагање ќе им биде и кинеската „синовак“.