Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.399 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа седум од лицата заразени од корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.659 тестови со методот РТ-ПЦР (205.352 вкупно досега), позитивни на корона вирусот резултирале 296 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 55.135. Од нив болеста досега ја совладале 88.572 лица, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 526 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.161 активен носител на корона вирусот.