„Жалам, пробајте во куќата на Обама“: На Тајната служба ѝ било забрането да ги користи тоалетите на Иванка Трамп


Членовите на Тајната служба биле принудени да користат „тоифор“ тоалети  или да одат кај соседите сè додека владата не им изнајми стан

 

Деновите на умирање на администрацијата на Трамп беа зафатени со уште поголем скандал во форма на немири, забрани на Твитер и импичмент. Сега „Вашингтон пост“ додаде уште една: скандалот со тоалети.

Во повеќенасочен напис, еден од врвните истражувачки весници во Америка ги прикажа деталите за очигледно големиот проблем за членовите на Тајната служба кои им беа доделени на Џаред Кушнер и Иванка Трамп, во наоѓањето место за одење во тоалетот.

Според „Вашингтон пост“, ќерката на претседателот и нејзиниот сопруг, советник во Белата куќа, очигледно го избркале тимот од мажи и жени, кои биле назначени да се грижат за нивната безбедностс да ги да ги користат тоалетите во нивната огромна вила во Вашингтон.

„Откако им беше наложено да не смеат да користат ниту едно од десетината купатила во куќата на двојката, припадниците на Тајната служба доделени на ќерката и зетот на претседателот Трамп поминаа месеци во потрага по сигурен тоалет за употреба на работното место“, објави весникот, повикувајќи се на соседи и службеник за спроведување на законот.

Во него беше цитиран еден службеник за спроведување на законот, кој рече: „Првпат слушнав членови ма Тајната служба да одат во овие крајности за да најдат тоалет“.

Во текстот се додава дека членовите на Тајната служба кои биле очајни да се олеснат, прибегнале кон „тоифор“ тоалети, како и купатила во домовите на Барак Обама и потпретседателот Мајк Пенс.

Решението за проблемот не беше евтино. Од септември 2017 година, објави весникот, федералната влада им изнајми на членовите на Тајната служба подрумско студио со бања кога одат на работа. Трошоците за даночните обврзници? Околу 3.000 долари месечно.

Портпарол на Белата куќа негираше дека двојката им ги забранила купатилата во нивниот дом. Но, „Пост“ ги извади своите истражувачки пиштоли велејќи: „Оваа изјава ја оспорува службеник за спроведување на законот, запознаен со ситуацијата, кој рече дека агентите биле оставени настрана по барање на семејството“.

Приказната за „Пост“ веројатно нема да ги воодушеви граѓаните на Вашингтон – или навистина многу други Американци – за Иванка Трамп и нејзиниот сопруг додека тие ја напуштаат функцијата по четири високопрофилни години во администрацијата на Доналд Трамп. Повеќе извештаи веќе весело го детализираат веројатното отфрлање на парот од социјалните кругови во Њујорк и Вашингтон.

Но на парот нема да му недостасува место кое ќе го нарече дом. Тие неодамна купија парцела од 30 милиони долари на ексклузивен остров во Флорида, наречен Бункер на милијардерот.